+ -

عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ قَالَ:
أَوْصَانِي خَلِيلِي صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ بِثَلاَثٍ: صِيَامِ ثَلاَثَةِ أَيَّامٍ مِنْ كُلِّ شَهْرٍ، وَرَكْعَتَيِ الضُّحَى، وَأَنْ أُوتِرَ قَبْلَ أَنْ أَنَامَ.

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 1981]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува:
„Мојот близок пријател, алејхи селам, ми остави во завет три работи: да постам три дена секој месец, да клањам два реката духа-намаз и да клањам витр-намаз пред спиење.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 1981]

Објаснување

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, нè информира дека Веровесникот, алејхи селам, неговиот близок пријател, му оставил аманет за три работи:
Прво: да пости три дена од секој месец.
Второ: да клања два реката духа намаз секојдневно.
Трето: да клања витр пред спиење; ова се однесува за тој што се плаши дека нема да се разбуди кон крајот на ноќта.

من فوائد الحديث

  1. Разликата во заповедите на Пратеникот, алејхи селам, до неговите асхаби се заснова на неговото познавање на состојбата на асхабите, како и она што е соодветно за секој од нив. Тој што е јак, за него е соодветен џихадот, тој што е побожен, за него е соодветен ибадетот, тој што е зналец, за него е соодветно учењето, итн.
  2. Ибн Хаџер ел-Аскалани рекол, толкувајќи го хадисот: Постот три дена од секој месец, се мисли на белите денови. Тоа се тринаесеттиот, четиринаесеттиот и петнаесеттиот ден од лунарниот месец.
  3. Ибн Хаџер ел-Аскалани исто така рекол: „Во хадисот се укажува на пожелноста да се клања витр-намаз пред спиење, а тоа се однесува на оној кој не е сигурен дека ќе се разбуди (кон крајот на ноќта).“
  4. Важноста на овие три дела: Заради аманетот на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, кон еден дел на асхабите за истите.
  5. Ибн Дакик ел-Еид рекол за зборовите: (и два реката на духа-намаз): Можеби тој го спомнал најмалиот број, со кој се постигнува целта, и тоа е показател за пожелноста на духа-намаз и дека најмал број на клањање се два рекати.
  6. Времето на духа-намаз: приближно четвртина час по изгрејсонцето, а неговото време се протега приближно до десет минути пред пладне, а бројот на рекати е: најмалку два реката, но има несогласување во однос на максимален број; кажано е: осум рекати, и кажано е: нема ограничување.
  7. Времето на витр-намаз: После јација намаз па сè до мугрите, најмал број на рекати е еден, а најмногу се единаесет рекати.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التايلندية الألمانية بشتو الأسامية السويدية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية الرومانية المجرية الموري المالاجاشية الأورومو الجورجية
Преглед на преводи
Повеќе...