1. Дома
  2. Категории
  3. Фикх (исламско право) и методологија на фикхот

Хадис Нема вистински пост оној што пости постојано. Постот од три дена во месецот е како да си постел цела година.“

عَنْ عَبْدَ اللَّهِ بْنِ عَمْرِو بْنِ العَاصِ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُمَا، قَالَ: قَالَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«إِنَّكَ لَتَصُومُ الدَّهْرَ، وَتَقُومُ اللَّيْلَ؟»، فَقُلْتُ: نَعَمْ، قَالَ: «إِنَّكَ إِذَا فَعَلْتَ ذَلِكَ هَجَمَتْ لَهُ العَيْنُ، وَنَفِهَتْ لَهُ النَّفْسُ، لاَ صَامَ مَنْ صَامَ الدَّهْرَ، صَوْمُ ثَلاَثَةِ أَيَّامٍ صَوْمُ الدَّهْرِ كُلِّهِ»، قُلْتُ: فَإِنِّي أُطِيقُ أَكْثَرَ مِنْ ذَلِكَ، قَالَ: «فَصُمْ صَوْمَ دَاوُدَ عَلَيْهِ السَّلاَمُ، كَانَ يَصُومُ يَوْمًا وَيُفْطِرُ يَوْمًا، وَلاَ يَفِرُّ إِذَا لاَقَى».

Абдулах бин Амр бин Ел-Ас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува:
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ми рече: ,Дали постиш секој ден и стануваш за ноќен намаз?‘ Реков: ,Да.‘ Тој рече: ;Ако продолжиш со тоа, очите ќе ти ослабат, а душата ќе се измори. Нема вистински пост оној што пости постојано. Постот од три дена во месецот е како да си постел цела година.“ Реков: „Можам повеќе од тоа.‘ Па рече: ,Тогаш пости го постот на Давуд, алејхи селам – тој еден ден постеше, а еден ден не постеше, и никогаш не се повлекуваше кога ќе се соочеше со непријателот.‘“

صحيح متفق عليه صحيح البخاري - 1979

Објаснување

До Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, стигнала вест дека Абдулах бин Амр, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, постел непрекинато во текот на целата година и ја поминувал целата ноќ во намаз, без да спие. Поради тоа, Пратеникот му го забранил тоа и му рекол: „Пости, но и прекинувај со постот; станувај за ноќен намаз, но и спиј.“ Потоа му забранил да пости секој ден и да ја поминува целата ноќ во ибадет, и му појаснил: „Ако продолжиш така, очите ќе ти ослабат и ќе се вдлабочат, а душата ќе се измори и ќе се истроши." Оној што пости секој ден – како да не постел – затоа што не ја добива наградата поради прекршувањето на забраната, а во исто време не се одмара. Потоа му дал совет да пости три дена месечно, и рекол дека тоа е еднакво на постење цела година – затоа што секое добро дело се наградува десеткратно, што е најниската мера на награда. Но Абдулах рекол: „Можам повеќе од тоа.“ Тогаш Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Во тој случај, пости го постот на Давуд, алејхи селам – тоа е најдобриот пост. Тој постел еден ден, а следниот ден не постел, и никогаш не се повлекувал кога ќе се соочел со непријателот“ – бидејќи ваквиот начин на постење не му ја ослабувал силата и издржливоста.

Од придобивките на хадисот

  1. Постењето три дена секој месец се смета како постење цела година, бидејќи секое добро дело се наградува десеткратно. Така, три дена се пресметуваат како триесет – што е еднакво на цел месец пост, а тоа за дванаесет месеци е цела година.
  2. Една од методите на повикување кон Аллах е поттикнувањето на добри дела преку истакнување на нивната награда и вредноста на истрајноста во нив.
  3. Ел-Хатаби рекол: „Суштината на случајот со Абдулах бин Амр е во тоа што Аллах не го задолжил Својот роб исклучиво со пост, туку со различни видови ибадет. Ако целосно се исцрпи со пост, ќе ги занемари другите облици на ибадет. Затоа е подобро да биде умерен, за да му остане сила и за другите обврски. На ова укажуваат и зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за Давуд, алејхи селам: ,И не се повлекуваше кога ќе се соочеше со непријателот,‘ – бидејќи му останувала сила за џихад благодарение на деновите кога не постел.“
  4. Забрането е претерувањето и оптоварувањето себеси во ибадетот – вистинското добро е во умереноста и придржувањето кон Сунетот.
  5. Според мнозинството учени авторитети, постењето секој ден е непожелно, а станува забрането ако човекот си нанесува штета, се оптоварува себеси, го одбива Сунетот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и верува дека некој друг начин е подобар од него.

Преглед на преводи

46 Јазик
EN English الإنجليزية
UR اردو الأوردية
ES Español الإسبانية
ID Indonesia الإندونيسية
UG ئۇيغۇرچە الأيغورية
BN বাংলা البنغالية
TR Türkçe التركية
RU Русский الروسية
BS Bosanski البوسنية
SI සිංහල السنهالية
HI हिन्दी الهندية
ZH 中文 الصينية
FA فارسی الفارسية
VI Tiếng Việt الفيتنامية
TL Tagalog تجالوج
KU Kurdî الكردية
HA Hausa الهوسا
PT Português البرتغالية
ML മലയാളം المليالم
TE తెలుగు التلغو
SW Kiswahili السواحيلية
TA தமிழ் التاميلية
MY မြန်မာ البورمية
TH ไทย التايلندية
DE Deutsch الألمانية
PS پښتو بشتو
AS অসমীয়া الأسامية
SQ Shqip الألبانية
SV Svenska السويدية
AM አማርኛ الأمهرية
NL Nederlands الهولندية
GU ગુજરાતી الغوجاراتية
NE नेपाली النيبالية
PRS دری الدرية
SR Српски الصربية
RO Română الرومانية
HU Magyar المجرية
MOS Moore الموري
MG Malagasy المالاجاشية
KN ಕನ್ನಡ الكانادا
WO Wolof الولوف
UK Українська الأوكرانية
KA ქართული الجورجية
KM ភាសាខ្មែរ الخميرية
PA ਪੰਜਾਬੀ البنجابية
MR मराठी الماراثية