+ -

عَنْ أَبِي سَعِيدٍ الْخُدْرِيِّ رَضِيَ اللهُ عَنْهُ قَالَ: سَمِعْتُ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَقُولُ:
«مَنْ صَامَ يَوْمًا فِي سَبِيلِ اللهِ بَاعَدَ اللهُ وَجْهَهُ عَنِ النَّارِ سَبْعِينَ خَرِيفًا».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 1153]
المزيــد ...

Ебу Сеид ел Худри, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
„Кој ќе пости еден ден на Аллаховиот пат, Аллах ќе го оддалечи неговото лице од Огнот за седумдесет есени (години).“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 1153]

Објаснување

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека оној што ќе пости еден ден во борба на Аллаховиот пат – а според некои, во борба и надвор од неа – со искрена намера, барајќи награда само од Аллах, Тој, со Својата добрина, ќе го оддалечи од Огнот на растојание од седумдесет години.

من فوائد الحديث

  1. Имамот ен-Невеви рекол: „Вредноста на постот на Аллаховиот пат се однесува на оној кој со тоа не си нанесува штета, не занемарува ничија обврска, ниту, пак, постот му пречи во борбата или во други важни задачи поврзани со џихадот.“
  2. Поттик и охрабрување за доброволен пост.
  3. Обврска за искреност (ихлас) и посакување на Аллахово задоволство – да не се пости на начин за да бидеме познати по тоа, за да слушнат другите, ниту пак со некаква друга цел.
  4. Имамот ес-Синди рекол: „Зборовите ,на Аллаховиот пат‘ можат да значат пост со искрена намера (ниет), а можат и да значат дека постел за време на борба на Аллаховиот пат – што е првото што се подразбира.“
  5. Ибн Хаџер вели: „Изразот ,седумдесет есени‘ – есента е познато доба од годината, а овде значењето се однесува на целата година. Спомнувањето токму на есента, а не на пролетта, летото или зимата, се должи на тоа што есента е најплодоносното годишно време – бидејќи тогаш се собираат плодовите.“
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Свахили الأسامية السويدية الهولندية الغوجاراتية الرومانية المجرية الموري الأورومو الكانادا الجورجية
Преглед на преводи