عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللهُ عَنْهُ قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«لَا تَقَدَّمُوا رَمَضَانَ بِصَوْمِ يَوْمٍ وَلَا يَوْمَيْنِ إِلَّا رَجُلٌ كَانَ يَصُومُ صَوْمًا فَلْيَصُمْهُ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 1082]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Не постете еден или два дена пред рамазан, освен ако некој практикувал да пости – тогаш нека пости.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 1082]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, забранил муслиманот да пости ден или два пред рамазан со цел да се биде претпазлив за рамазанот, бидејќи задолжителноста на постот во рамазан е поврзана со појавата на младата месечина, и нема потреба од оптоварување со дополнителен пост. Исклучок се оние што имаат пракса на редовен доброволен пост – како оние што постат еден ден, а еден не (постот на Давуд), или секој понеделник и четврток – па ако тоа се совпадне, нека пости. Тоа не се смета за пречекување на рамазан преку пост. Исто така, дозволено е постење ако е во прашање задолжителен пост, како напостување ден кој не бил постен или за пост поради завет.

من فوائد الحديث

  1. Забрането е преоптоварувањето, и обврска е ибадетот да се извршува онака како што е пропишан – без додавање или одземање.
  2. Мудроста која ја содржи овој пропис – а Аллах најдобро знае – е разликувањето меѓу задолжителните и доброволните ибадети, како и подготовката за рамазан со енергија и желба, така што постот ќе биде препознатлив белег на тој чесен и одликуван месец.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (43)
Повеќе...