عَنْ مُعَاذَةَ قَالَتْ:
سَأَلْتُ عَائِشَةَ، فَقُلْتُ: مَا بَالُ الْحَائِضِ تَقْضِي الصَّوْمَ، وَلَا تَقْضِي الصَّلَاةَ؟ فَقَالَتْ: أَحَرُورِيَّةٌ أَنْتِ؟ قُلْتُ: لَسْتُ بِحَرُورِيَّةٍ، وَلَكِنِّي أَسْأَلُ. قَالَتْ: كَانَ يُصِيبُنَا ذَلِكَ، فَنُؤْمَرُ بِقَضَاءِ الصَّوْمِ، وَلَا نُؤْمَرُ بِقَضَاءِ الصَّلَاةِ.

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 335]
المزيــد ...

Муаза раскажува:
„Ја прашав Аиша, Аллах нека е задоволен со неа: ,Зошто жената која е во менструација го надокнадува постот, а не ги надокнадува намазите?‘ Таа ми рече: ,Да не си ти харуријка?‘ Реков: ,Не сум харуријка, туку само прашувам.‘ Таа рече: ,И нас тоа нè снаоѓаше, па ни беше наредено да го надокнадуваме постот, а не ни беше наредено да ги надокнадуваме намазите.‘“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 335]

Објаснување

Муаза ел-Адевија ја прашала мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа: „Зошто жената после менструација го надокнадува постот, а не ги надокнадува намазите?“ Аиша ја прашала: „Да не си ти од хариџиите – харуриите – кои прашуваат инаетејќи се и поради претерана строгост?“ Муаза одговорила: „Не сум харуријка, туку само прашувам.“
Аиша рекла: „И нас нè снаоѓаше менструација во времето на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, па ни беше наредено да го надокнадиме постот, а не ни беше наредено да ги надокнадиме намазите.“

من فوائد الحديث

  1. Осуда на секого што поставува прашања од инает или со намера за расправа.
  2. Харуриите – нивното име потекнува од местото Харура, близу Куфа. Тие се една од групите на хариџиите, а Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, ја споредила Муаза со нив поради нивната претерана строгост и честото поставување прашања само заради инает.
  3. Учителот е должен да му појасни на оној што бара знаење и насока.
  4. Најисправно е да се одговори со јасен текст, како што направила Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, бидејќи одговорот заснован на јасен текст ја спречува секоја можност за понатамошно противење и расправа.
  5. Верникот треба да му се предаде на прописот на Аллах и на Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дури и кога не ја знае мудроста од прописот.
  6. Ен-Невеви рекол: „Значењето на зборовите на Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, е дека една група од хариџиите сметале дека жената после менструација е должна да ги надокнади намазите што ќе ги изостави во тој период, што е спротивно на консензусот на муслиманите. Нејзиното прашање ,Да не си ти харуријка?‘ било со осудувачка намера, односно: ,Ова е начинот како постапуваат харуријките – а тоа е многу лош начин.‘“
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (34)