عَنْ عَمَّارِ بنِ ياسِرٍ رضي الله عنه قال:
بَعَثَنِي رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ فِي حَاجَةٍ، فَأَجْنَبْتُ فَلَمْ أَجِدِ الْمَاءَ، فَتَمَرَّغْتُ فِي الصَّعِيدِ كَمَا تَمَرَّغُ الدَّابَّةُ ثُمَّ أَتَيْتُ النَّبِيَّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، فَذَكَرْتُ ذَلِكَ لَهُ فَقَالَ: «إِنَّمَا كَانَ يَكْفِيكَ أَنْ تَقُولَ بِيَدَيْكَ هَكَذَا» ثُمَّ ضَرَبَ بِيَدَيْهِ الْأَرْضَ ضَرْبَةً وَاحِدَةً، ثُمَّ مَسَحَ الشِّمَالَ عَلَى الْيَمِينِ، وَظَاهِرَ كَفَّيْهِ وَوَجْهَهُ.
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 368]
المزيــد ...
Амар бин Јасир, радијаллаху анху, рекол:
„Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ме испрати да завршам некоја работа. Станав џунуб и бидејќи немав вода, легнав на земјата и се тркалав како што го прави тоа животното. Кога се вратив, му раскажав на Аллаховиот пратеник, што направив, а тој ми рече: ,Доволно ќе беше да ја допреш земјата вака.‘ и со дланките ја допре еднаш земјата, а потоа со левата дланка ја триеше десната, внатрешнитеи надворешните делови на дланките и на крајот го протри лицето.“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 368]
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, еднаш го испрати Амар бин Јасир на патување со цел да заврши некои од неговите работи. На патувањето Амар станал џунуб преку сексуален однос или ејакулација, а немал вода за капење. Знаел дека треба за земе тејемум наместо абдест, но не знаел како да постапи кога треба да земе тејемум во состојба на голема нечистотија (џунуб). Тој мислел дека, како што при абдест се мијат одредени делови на телото, при тејемум целото тело мора да биде допрено со земја, затоа што при гусул целото тело се мие со вода. Аналогно на тоа, тој се тркалал на земја се додека целото тело не ја допрело земјата, а потоа го клањал намазот. Кога се вратил кај Аллаховиот пратеник, алејхи селам, му спомнал како постапил, за да види дали постапил исправно или не. Аллаховиот пратеник, алејхи селам, потоа му објаснил дека земање тејмум наместо абдест или гусул е на следниот начин: еднаш да се допре земјата со дланките на рацете, потоа со левата дланка да се трие десната, и обратно надворешниот и внатрешниот дел од дланките и на крајот да се истрие лицето.