+ -

عن أَنَسِ بْنِ مَالِكٍ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ قَالَ: قَالَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«تَسَحَّرُوا، فَإِنَّ فِي السَّحُورِ بَرَكَةً».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 1923]
المزيــد ...

Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Јадете сехур, зашто навистина во сехурот има бериќет.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 1923]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, поттикнал на јадење сехур – оброкот што се јаде на крајот на ноќта како подготовка за пост – затоа што во него има бериќет: голема награда и добро, време погодно за дова во последната третина од ноќта, зајакнување на телото за пост, како и олеснување и полесно поднесување на гладот и напорот.

من فوائد الحديث

  1. Препорачливоста на сехурот и исполнување на шеријатската наредба со неговото практикување.
  2. Ибн Хаџер во „Фетхул Бари“ вели: „Бериќетот на сехурот произлегува од повеќе аспекти: следење на Сунетот, разликување од следбениците на Книгата, зајакнување за ибадет, зголемена енергија, совладување на раздразливоста предизвикана од глад, можност за давање садака на некој што ќе се најде со тебе на оброкот или ќе побара, поттик на зикр и правење дова во време кога има надеж дека таа се прифаќа, како и можност за обновување на ниетот за пост кај оној што го заборавил пред спиење.“
  3. Начинот на подучување на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, бил мудар и прецизен – го поврзувал прописот со неговата мудрост, за срцата полесно да го прифатат и за да се осознае возвишеноста на шеријатот.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Свахили الأسامية السويدية الهولندية الغوجاراتية الرومانية المجرية الموري الأورومو الكانادا الجورجية
Преглед на преводи