1. Дома
  2. Категории
  3. Фикх (исламско право) и методологија на фикхот

Хадис „Јадевме сехур заедно со Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, а потоа тој стана за да клања. Прашав: ,Колку време имаше меѓу езанот и сехурот?‘ Тој рече: ,Колку што е потребно да се прочитаат педесет ајети од Куранот.‘“

عَنْ زَيْدِ بْنِ ثَابِتٍ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ قَالَ:
تَسَحَّرْنَا مَعَ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، ثُمَّ قَامَ إِلَى الصَّلاةِ، قُلْتُ: كَمْ كَانَ بَيْنَ الأَذَانِ وَالسَّحُورِ؟ قَالَ: قَدْرُ خَمْسِينَ آيَةً.

Зејд бин Сабит, Аллах нека е задоволен со него, раскажува:
„Јадевме сехур заедно со Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, а потоа тој стана за да клања. Прашав: ,Колку време имаше меѓу езанот и сехурот?‘ Тој рече: ,Колку што е потребно да се прочитаат педесет ајети од Куранот.‘“

صحيح متفق عليه صحيح البخاري - 1921

Објаснување

Некои од асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, јаделе сехур заедно со Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, а потоа тој станал за да клања сабах намаз. Енес, Аллах нека е задоволен со него, го прашал Зејд бин Сабит: „Колкав временски распон имаше помеѓу езанот и завршувањето на сехурот?“ Тој одговорил: „Онолку колку што е доволно да се прочитаат педесет ајети со умерена должина – ни долги ни кратки – и со средно темпо, без брзање и без забавување.“

Од придобивките на хадисот

  1. Препорачливо е сехурот да се одложи до самата зора, бидејќи подоцнежното јадење носи поголема корист за телото и дава подолготраен ефект во текот на денот.
  2. Асхабите се стремеле да бидат во друштвото на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за да учат од него.
  3. Од убавото однесување на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, е тоа што седел и јадел заедно со неговите асхаби.
  4. Времето на имсак, односно престанувањето со јадење, настапува со појавата на зората.
  5. Зборовите: „Колку време имаше помеѓу езанот и сехурот“ се однесуваат на временскиот распон помеѓу завршувањето со сехурот и икаметот, затоа што во друг хадис стои: „Колку време поминало од кога го завршија сехурот до почетокот на намазот“ – а хадисите меѓусебно се објаснуваат.
  6. Ел-Мухелеб рекол: „Овој хадис покажува дека времето се мерело според времетраење на одредени телесни активности. Арапите обично го пресметувале времето преку давање пример за одредени дела, па велеле: ,колку што се молзе овца‘ или ,колку што се коле камила‘. Но Зејд бин Сабит, Аллах нека е задоволен со него, наместо тоа, дал пример со спомнување времето преку рецитирањето на Куранот, алудирајќи дека тоа било време посветено на ибадет, на читањето на Куранот. А доколку вообичаено го мереле времето на друг начин, тогаш ќе рекол: ,колку трае искачување една скала‘ или ,една третина од петтина саат‘.“
  7. Ибн Ебу Џемра рекол: „Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, секогаш настојувал да го избере она што е полесно и попогодно за неговиот умет, па така и постапувал. Доколку воопшто не би јадел сехур, луѓето би го следеле, а тоа би било тешко за некои од нив. А ако би го јадел сехурот на средина од ноќта, и тоа би претставувало тешкотија – особено за оние што лесно ги совладува сонот – па би можело да доведе до пропуштање на сабах намазот или до тоа да бидат принудени да останат будни до доцна."

Преглед на преводи

46 Јазик
EN English الإنجليزية
UR اردو الأوردية
ES Español الإسبانية
ID Indonesia الإندونيسية
BN বাংলা البنغالية
TR Türkçe التركية
RU Русский الروسية
BS Bosanski البوسنية
SI සිංහල السنهالية
HI हिन्दी الهندية
ZH 中文 الصينية
FA فارسی الفارسية
VI Tiếng Việt الفيتنامية
TL Tagalog تجالوج
KU Kurdî الكردية
HA Hausa الهوسا
PT Português البرتغالية
ML മലയാളം المليالم
TE తెలుగు التلغو
SW Kiswahili السواحيلية
TA தமிழ் التاميلية
MY မြန်မာ البورمية
TH ไทย التايلندية
DE Deutsch الألمانية
PS پښتو بشتو
AS অসমীয়া الأسامية
SQ Shqip الألبانية
SV Svenska السويدية
AM አማርኛ الأمهرية
NL Nederlands الهولندية
GU ગુજરાતી الغوجاراتية
NE नेपाली النيبالية
PRS دری الدرية
SR Српски الصربية
RO Română الرومانية
HU Magyar المجرية
MOS Moore الموري
MG Malagasy المالاجاشية
OM Oromoo الأورومو
KN ಕನ್ನಡ الكانادا
WO Wolof الولوف
UK Українська الأوكرانية
KA ქართული الجورجية
KM ភាសាខ្មែរ الخميرية
PA ਪੰਜਾਬੀ البنجابية
MR मराठी الماراثية