عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«قَالَ اللَّهُ: كُلُّ عَمَلِ ابْنِ آدَمَ لَهُ، إِلَّا الصِّيَامَ، فَإِنَّهُ لِي وَأَنَا أَجْزِي بِهِ، وَالصِّيَامُ جُنَّةٌ، وَإِذَا كَانَ يَوْمُ صَوْمِ أَحَدِكُمْ فَلاَ يَرْفُثْ وَلاَ يَصْخَبْ، فَإِنْ سَابَّهُ أَحَدٌ أَوْ قَاتَلَهُ، فَلْيَقُلْ إِنِّي امْرُؤٌ صَائِمٌ، وَالَّذِي نَفْسُ مُحَمَّدٍ بِيَدِهِ، لَخُلُوفُ فَمِ الصَّائِمِ أَطْيَبُ عِنْدَ اللَّهِ مِنْ رِيحِ المِسْكِ، لِلصَّائِمِ فَرْحَتَانِ يَفْرَحُهُمَا: إِذَا أَفْطَرَ فَرِحَ، وَإِذَا لَقِيَ رَبَّهُ فَرِحَ بِصَوْمِهِ».
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 1904]
المزيــد ...
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Возвишениот Аллах вели: Секое дело што го прави синот Адемов, му припаѓа нему, освен постот! Навистина, постот е Мој и Јас го наградувам за него. Постот е штит, кога некој од вас пости, нека не зборува простаклаци и нека не го крева гласот, расправајќи се, ако некој го навреди или се степа со него, нека каже: ,Јас постам!‘ Се колнам во Оној во чија рака е душата на Мухамед, здивот од устата на постачот е поубав кај Аллах од мирисот на мошус. Постот има две радости: една кога ќе го заврши постот и друга кога ќе Го сретне својот Господар, и ќе се израдува на својот пост!“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 1904]
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нè известил дека Возвишениот Аллах, во хадис кудсиј, рекол:
„Секое добро дело на потомците Адамови ќе се множи десет до седумстотини пати, освен постот. Аллах вели постот е Мој и во него не се појавува лицемерието, и Јас ќе наградам за него, и само Јас ја знам висината на наградата и умножувањето на човековите добри дела.“
Потоа рече: (А постот е штит) и заштита, перде и силна тврдина која штити од Џехенемот. Затоа што тоа е воздржување од страстите и правење гревови, а Џехенемот е опкружен со страстите.
(Па ако е ден кога некој од вас пости, нека не работи или зборува непристојно) како што се сексуалниот однос и неговите предуслови, ниту пак со вулгарни зборови.
(И нека не го подигнува гласот) во расправии и препирки.
(Ако некој го навреди или се кара со него) за време на рамазан, нека каже: „Јас сум постач.“ Можеби ќе престане да го прави тоа, но доколку продолжи да се кара, тогаш ќе се брани според тоа колку е нападнат.
Тогаш тој, Аллаховиот мир и спас нека е над него, се заколнал во Оној во чија рака е неговата душа дека промената на миризбата во устата на тој што пости, на Аллах ќе Му биде попријатна на Судниот ден отколку мирисот на мошусот кој го имаме, и ќе имаме поголема награда од користењето на мошусот кој се препорачува во петочниот намаз и на седенките на кои се спомнува Аллах.
Тој што пости има две радости: кога го прекинува постот, се радува на престанувањето на гладот и жедта, бидејќи му е дозволено да го прекине постот, и се радува на потполнување на постот и завршувањето на неговиот ибадет, за олеснување од Господарот и помошта да го продолжи неговиот пост.
(А кога ќе го сретне Господарот свој, тој му се радува на постот) за неговата награда и добивка.