عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه عَنِ النَّبِيِّ صلى الله عليه وسلم قَالَ:
«لَا يَقْبَلُ اللهُ صَلَاةَ أَحَدِكُمْ إِذَا أَحْدَثَ حَتَّى يَتَوَضَّأَ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 6954]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Аллах не го прифаќа намазот на кој било од вас, кој е без абдест (состојба на хадес-правна нечистотија), сè додека не земе абдест.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 6954]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека еден од условите за намазот е правната чистота. Оној што сака да го клања намазот, негова обврска е да земе абдест ако претходно направил нешто што го расипува, како извршување на нужда, мала или голема, спиење и сл.

من فوائد الحديث

  1. Намазот на оној што нема абдест нема да биде додека не ја постигне потребаната чистотса со гусул-капење од голема нечистотија, или со абдест од мала нечистотија.
  2. Абдестот значи на почетокот за земеме вода и со неа прво ќе ја испереме устата. Потоа, водата се вшмркува во носот и се исфрла. Следно, лицето треба да се измие трипати и рацете до зад лактите трипати. Понатаму еднаш целосно ќе се потрие главата со влажни раце, и на крајот трипати ќе се измијат нозете вклучувајќи ги и глуждовите.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (56)