+ -

عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللهُ عَنْهُ أَنَّ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، قَالَ:
«إِذَا جَاءَ رَمَضَانُ فُتِّحَتْ أَبْوَابُ الْجَنَّةِ، وَغُلِّقَتْ أَبْوَابُ النَّارِ، وَصُفِّدَتِ الشَّيَاطِينُ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 1079]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол:
„Кога ќе настапи месецот рамазан – се отвораат вратите на Џенетот, се затвораат вратите на Џехенемот, и се оковуваат шејтаните.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 1079]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека со настапувањето на месецот рамазан се случуваат три работи: 1. Се отвораат вратите на Џенетот и не се затвора ниту една од нив. 2. Се затвораат вратите на Џехенемот и не се отвора ниту една од нив. 3. Шејтаните и најнепокорните од џините се врзуваат во синџири, па не можат да делуваат врз луѓето како што тоа го прават во другите месеци. Сето ова е во чест и како одбележување на овој благословен месец – поттикнувајќи ги верниците да се посветат на покорност преку клањање, давање садака, спомнување на Аллах, читање на Куранот и други добри дела – и да се воздржат од гревови и непослушност.

من فوائد الحديث

  1. Вредноста на месецот рамазан.
  2. Овој благословен месец е радосна вест за постачите, затоа што претставува сезона на ибадет и добри дела.
  3. Врзувањето на шејтаните во рамазан укажува на тоа дека е отстранет секој изговор за напуштање на покорноста или за грешење. Со тоа му се порачува на шеријатскиот обврзник: „Шејтаните се спречени да влијаат врз тебе – затоа немаш оправдување да го оставиш ибадетот или да направиш грев.“
  4. Имамот Куртуби вели: „Ако некој праша: како е можно, иако шејтаните се врзани, сепак да гледаме зло и гревови во месецот рамазан?
  5. Одговорот е: – ова важи за оние што вистински постат, при што го чуваат својот пост според неговите услови и се придржуваат кон неговата етика и правила; – или, според некои преданија, во синџири се врзуваат само дел од шејтаните – најнепокорните, а не сите; – или, пак, значењето е дека навистина се намалува злото – и тоа е нешто видливо, бидејќи во рамазан се прави помалку зло отколку во другите месеци.
  6. Секако, тоа што шејтаните се врзани не значи дека злото и гревот целосно исчезнуваат – бидејќи постојат и други извори на зло: расипаните души, лошите навики и шејтаните во човечки облик.“
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Телгу Свахили التايلندية الأسامية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية الدرية الرومانية المجرية المالاجاشية الجورجية الماراثية
Преглед на преводи