عَنْ عَائِشَةَ رضي الله عنها قَالَتْ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«الْمَاهِرُ بِالْقُرْآنِ مَعَ السَّفَرَةِ الْكِرَامِ الْبَرَرَةِ، وَالَّذِي يَقْرَأُ الْقُرْآنَ وَيَتَتَعْتَعُ فِيهِ، وَهُوَ عَلَيْهِ شَاقٌّ، لَهُ أَجْرَانِ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 798]
المزيــد ...

Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Оној што вешто го чита Куранот – ќе биде во друштво со чесните и покорните писари од мелеците. А оној што го чита со тешкотија и мака – ќе има двојна награда.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 798]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека оној што го чита Куранот, го знае напамет и го чита точно и вешто – ќе има награда во Ахиретот со тоа што ќе биде во друштво со Аллаху покорните, чесни мелеци кои се писари на Божјата објава од Леухил-Махфуз.
А оној што го чита Куранот со тешкотија, запира и се мачи – поради слабо помнење, но и покрај тоа упорно го повторува – нему му следуваат две награди: една за самото читање, и друга за трудот и тешкотијата што ги поднесува додека чита.

من فوائد الحديث

  1. Поттик на учење напамет, точно читање и често повторување на Куранот – со цел да се добие награда и укажување на возвишената положба што ја има оној што тоа го прави.
  2. Ел-Кади вели: „Не се подразбира дека оној што се мачи додека чита ќе има поголема награда од вештиот читач. Напротив, вештиот има поголема вредност и повисока награда, бидејќи неговото место е со честитите и чесни мелеци, а за никого друг не е спомната оваа положба. Како може да се изедначи со него оној што не вложил ист труд во учењето, меморирањето, совладувањето и честата рецитација на Куранот, додека вештиот го има постигнато сето тоа?“
  3. Ибн Баз вели: „Оној што го чита Куранот и е вешт во него – чита течно, правилно и добро го памети – ќе биде заедно со чесните и благородни мелеци, под услов да го практикува и со збор и со дело. Не е доволно само да го чита, туку мора и да постапува според него. Таквиот човек го живее Куранот и вербално и во суштина.“
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (36)