عَنْ أَبي مَسْعُودٍ رضي الله عنه قَالَ: قَالَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«إِنَّ مِمَّا أَدْرَكَ النَّاسُ مِنْ كَلاَمِ النُّبُوَّةِ الأُولَى: إِذَا لَمْ تَسْتَحْيِ فَاصْنَعْ مَا شِئْتَ».

[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري: 6120]
المزيــد ...

Од Ебу Месуд, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Од времето на поранешните веровесници на луѓето им останале зборовите: ,Ако не ти е срам, прави што сакаш.‘“

[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري - 6120]

Објаснување

Пратеникот, алејхи селам, ни кажал дека меѓу заповедите што ги спомнале поранешните веровесници, а кои кружеле меѓу луѓето и се пренесувале од нив со векови, сè додека не стасале до овој народ, погледни што сакаш да направиш, па ако е нешто од што не се срамиш, тогаш направи го, а ако е нешто од што се срамиш, не прави го. Причина за неизвршувањето на лошите дела е срамот, па кој нема срам, ќе направи секакво зло и лошотија.

من فوائد الحديث

  1. Срамот е основа на убавиот морал.
  2. Срамот е една од особините на веровесниците, алејхимусселам, и тој потекнува од нив.
  3. Срамот го насочува муслиманот да прави убави и добри дела, а да се оддалечи од лошите и срамните.
  4. Ел-Невеви рекол: Заповедта во овој хадис значи дозвола, што значи: Ако сакате да направите нешто, ако тоа е нешто што не би се срамиле да го правите од Аллах или од луѓето, тогаш направете го, инаку не правете го тоа, ова е ставот на исламот, а тоа укажува дека сето она што е задолжително или препорачано е срам да не го правиме. А она што е забрането и непожелно, е срамота да се направи. Што се однесува на она што е дозволено, може од срам и да го направиме и да не го направиме. Според тоа, хадисот опфаќа пет принципи, а кажано е и: Овде се работи за закана, и неговото значење е: Ако немаш срам, тогаш прави што сакаш. Аллах ќе те награди или казни за тоа, а исто така е кажано: Тоа е во форма на заповед, но во смисла на известување, што значи: Кој не се срами, прави што сака.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (54)
Повеќе...