Категорија: Доблести и манири .

عَنْ عَبْدِ اللَّهِ بْنِ عَمْرٍو رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُمَا:
أَنَّ رَجُلًا سَأَلَ النَّبِيَّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ: أَيُّ الإِسْلاَمِ خَيْرٌ؟ قَالَ: «تُطْعِمُ الطَّعَامَ، وَتَقْرَأُ السَّلاَمَ عَلَى مَنْ عَرَفْتَ وَمَنْ لَمْ تَعْرِفْ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 12]
المزيــد ...

Абдулах ибн Амр, радијаллаху анху, рекол:
„Некој човек го прашал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,Кој е најдобриот ислам?‘, Тој одговорил: ,Да го нахраниш и да го поздравиш со селам и оној што го познаваш и оној што не го познаваш.‘“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 12]

Објаснување

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, во една ситуација бил прашан за тоа кои се најдобрите дела во исламот. Тој ги спомнал следните две дела:
Прво: Многу да се хранат сиромашните. Ова хранење опфаќа: милостина, подароци, нагостување и банкети. Особено е вредно да се нахранат гладните во ситуации на општа глад и економска криза.
Второ: Да се поздрави со селам секој муслиман, без оглед дали го знаеме или не го познаваме.

من فوائد الحديث

  1. Асхабите инсистирале да ги дознаат делата/особините кои ќе им користат на овој и на идниот свет.
  2. Поздравување со селам и хранењето се меѓу најдобрите дела во исламот, заради нивната вредност и постојаната потреба на луѓето за нив.
  3. Правејќи ги овие две работи, се комплетира добродетелството со збор и дело, а тоа е најпотполното добродетелство (ихсан).
  4. Овие две дела се однесуваат на меѓу-муслиманските односи. Од друга страна, имаме дела кои се поврзуваат со односот на човекот и неговиот Господар.
  5. Поздравувањето со селам се однесува само на муслиманите. Не е пропишано неверникот првично да се поздравува се селам.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (55)
Повеќе...