عَنْ عَبْدِ اللَّهِ بنِ مسعُودٍ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ قَالَ:
ذُكِرَ عِنْدَ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ رَجُلٌ نَامَ لَيْلَهُ حَتَّى أَصْبَحَ، قَالَ: «ذَاكَ رَجُلٌ بَالَ الشَّيْطَانُ فِي أُذُنَيْهِ، أَوْ قَالَ: فِي أُذُنِهِ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 3270]
المزيــد ...

Абдулах бин Месуд, Аллах нека е задоволен со него, раскажува:
Беше спомнат човек пред Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кој преспал цела ноќ сè до разденување. Тогаш пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Тоа е човек во чие уво шејтанот се измокрил,“ или рече: „во неговите уши.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 3270]

Објаснување

Пред Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бил спомнат човек кој спиел сè до разденување и изгрејсонце, и не станал за задолжителниот сабах намаз. Тогаш пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Тоа е човек во чие уво шејтанот се измокрил.“

من فوائد الحديث

  1. Непожелно е да се остава ноќниот намаз, а тоа се случува поради шејтанот.
  2. Потребно е да се внимава на шејтанот, кој му застанува на човекот на секој пат за да го оддалечи од покорноста кон Возвишениот Аллах.
  3. Ибн Хаџер рекол: Зборовите „не станал за намаз“ се однесуваат на намазот воопшто, но може да значат и конкретен намаз, било да е тоа ноќниот или пропишаниот намаз.
  4. Ет-Тиби рекол: Посебно е спомнато увото, иако окото е повеќе поврзано со сонот, како навестување на тежината на сонот, бидејќи слухот е основниот фактор за будење. А споменувањето на мокрењето е затоа што тоа најлесно продира во шуплините и најбрзо се шири низ вените, предизвикувајќи мрзеливост во целото тело.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (47)