Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Најдобриот ден во кој изгреало Сонцето е петокот. На тој ден е создаден Адем, на тој ден бил внесен во Џенетот и на тој ден бил изведен од него. Исто така, и Судниот ден ќе настапи во петок.“ [صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 854]
Објаснување
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, известува дека најдобриот ден во кој изгреало Сонцето е петокот. Меѓу неговите посебни одлики се тоа што Аллах го создал Адем, алејхи селам, токму на тој ден, на тој ден влегол во Џенетот, и на тој ден бил изведен од него и бил спуштен на Земјата. Исто така, Судниот ден ќе настапи во петок.
من فوائد الحديث
Одликата на петокот во однос на останатите денови од неделата.
Во петок се поттикнува на извршување повеќе добри дела со цел да се придобие милоста на Возвишениот Аллах и истовремено да се избегне Неговата казна.
Што се однесува до одликите на петокот споменати во хадисот, некои велат дека тие не се наведени исклучиво за да се истакне неговата вредност, бидејќи протерувањето на Адем од Џенетот и Судниот ден не се сметаат за вредности. Од друга страна, има алими кои велат дека и тие се вредности, бидејќи протерувањето на Адем беше причина за постоењето на неговото потомство, меѓу кои се пратениците, веровесниците и добрите луѓе. Судниот ден, пак, ќе биде причина за забрзување на наградата за добрите и за добивање на почестите кои Аллах им ги подготвил.
Исто така, за петокот се споменуваат и други одлики кои не се наведени во овој хадис, како на пример дека во него беше прифатено покајанието на Адем, во него преселил од овој свет, и во него постои момент кога верникот, додека дови, побара нешто од Аллах, Тој ќе му го даде.
Најдобриот ден во годината е денот на Арафат, а според други мислења – денот на курбанскиот бајрам. Најдобриот ден во неделата е петокот, а најдобрата ноќ е ноќта на кадр.