Категорија:
+ -

عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ عَبْدِ الرَّحْمَنِ بْنِ صَخْرٍ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ قَالَ: سَمِعْت رَسُولَ اللَّهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّم يَقُولُ:
«مَا نَهَيْتُكُمْ عَنْهُ فَاجْتَنِبُوهُ، وَمَا أَمَرْتُكُمْ بِهِ فَافْعَلُوا مِنْهُ مَا اسْتَطَعْتُمْ، فَإِنَّمَا أَهْلَكَ الَّذِينَ مِنْ قَبْلِكُمْ كَثْرَةُ مَسَائِلِهِمْ، وَاخْتِلَافُهُمْ عَلَى أَنْبِيَائِهِمْ».

[صحيح] - [رواه البخاري ومسلم] - [الأربعون النووية: 9]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Абдурахман бин Сахр, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
„Она што ви го забранив – одбегнувајте го. А она што ви го наредив – извршувајте го колку што можете. Навистина, оние пред вас беа уништени поради нивните бројни прашувања и поради нивното спротивставување на нивните веровесници.“

-

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни објаснил дека кога ќе ни забрани нешто, должни сме целосно да го одбегнуваме, без исклучок. А кога ќе ни нареди нешто, треба да го извршуваме според нашите можности. Потоа нè предупреди да не бидеме како некои од претходните народи кои ги оптоварувале своите веровесници со многу прашања, а истовремено им се спротивставувале. Поради тоа Аллах ги казнил со различни видови пропаст и уништување. Затоа треба да се чуваме да не бидеме како нив, за да не бидеме уништени како што тие беа уништени.

من فوائد الحديث

  1. Хадисот се смета за основа во појаснувањето на ваџибот: извршување на она што е наредено и одбегнување на она што е забрането.
  2. Кога станува збор за забранетото – ништо од него не е дозволено, без исклучок, додека наредбите се врзани со можноста на човекот, бидејќи оставaњето е нешто што секој може да го направи, додека извршувањето бара можност и способност тоа дело да се направи.
  3. Забранетото ги опфаќа и малите и големите нешта; за да се избегне, мора да се остави и најмалото и најголемото од него. Пример: каматата ни е забранета – и во мал износ и во голем.
  4. Во значењето на „избегнување“ спаѓа и напуштањето на сите причини што водат кон забранетото.
  5. На човекот не му прилега, кога ќе чуе наредба од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, да прашува: „Дали е тоа задолжително или препорачано?“ – туку е должен веднаш да постапи, бидејќи Пратеникот рекол: „Извршувајте го колку што можете.“
  6. Многубројните прашања се причина за пропаст, особено кога се однесуваат на нешта до кои човекот не може да допре – како работите од гајбот (скриеното) или за состојбите/случките на Судниот ден. Затоа не треба да се поставуваат многу прашања за таквите работи, за да не си предизвикаме пропаст и да не бидеме од оние што одат до недозволените крајности.
Превод: Англиски Урду Индонезиски Бенгалски Турски Руски Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التاميلية التايلندية بشتو الأسامية الألبانية الأمهرية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية الدرية الصربية الطاجيكية الكينياروندا المجرية التشيكية الموري الكانادا الولوف الأذربيجانية الأوزبكية الأوكرانية الجورجية الخميرية
Преглед на преводи
Категории
Повеќе...