Категорија:
+ -

عَنْ أَبِي رُقَيَّةَ تَمِيمِ بْنِ أَوْسٍ الدَّارِيِّ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ أَنَّ النَّبِيَّ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«الدِّينُ النَّصِيحَةُ» قُلْنَا: لِمَنْ؟ قَالَ: «لِلهِ وَلِكِتَابِهِ وَلِرَسُولِهِ وَلِأَئِمَّةِ الْمُسْلِمِينَ وَعَامَّتِهِمْ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [الأربعون النووية: 7]
المزيــد ...

Ебу Рукаја, Темим бин Евс ед-Дари, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Верата е советување“ Прашавме: „За кого?“, а тој одговори: „За Аллах, за Неговата Книга, за Неговиот пратеник, за водачите на муслиманите како и за сите останати муслимани.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [الأربعون النووية - 7]

Објаснување

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека верата се темели на искреност и вистинољубивост, за да се извршува онака како што Аллах ја наредил – целосно, без занемарување и без измама. Му било речено на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем: „Кон кого треба да биде насихатот (искрениот совет)?“, на што тој одговорил: Прво: искреност кон Аллах, субханеху ве теала, искрено извршувајќи ги наредбите, не придружувајќи Му друго божество, да веруваме во Неговото господарство, божественост и Неговите имиња и својства, да ја сметаме Неговата наредба за возвишена, и да повикуваме во верувањето во Него. Второ: советување за Аллаховата Книга-Куранот: така што ќе веруваме дека е Аллахов говор и Неговата последна Книга, дека тој ги дерогира сите дотогашни верозакони, да го величаме, исправно да го учиме, да работиме според неговите прописи, да веруваме во помалку јасните ајети, да го браниме од оние што го искривуваат неговото значење, да земаме поука од неговите пораки, да ги шириме неговите знаења и да повикуваме кон него. Трето: советување за Неговиот пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем: така што ќе веруваме дека тој е последниот Пратеник, да веруваме во тоа за кое нѐ известил, да постапуваме според неговите наредби и да ги избегнуваме неговите забрани, да не го обожуваме Аллах освен на оној начин како што тој ни кажал, да го почитуваме него како и правото кое го има кај нас, да го шириме неговиот повик, неговиот верозакон, и да го одбраниме од разните клевети упатени кон него. Четврто: советување кон водачите на муслиманите: помагајќи ги во доброто, и да не им се спротивставуваме, да им бидеме послушни и покорни во сето она што претставува покорност кон Аллах. Петто: совет и искреност кон муслиманите, со убаво однесување кон нив и повикување да прават добрини, да не им нанесуваме штета, да им посакуваме добро, да се помагаме во добродетелство и во богобојазливост.

من فوائد الحديث

  1. Наредба за искрен однос кон секого.
  2. Големата вредност на искрениот однос во верата.
  3. Верата ги опфаќа убедувањето, говорот и делувањето.
  4. Во советувањето спаѓаат и искрените чувства да не го измамиме соговорникот како и да му посакуваме секое добро.
  5. Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, имаше добра метода на подучување кога прво кажуваше општи работи а потоа детално ги појаснуваше.
  6. Секогаш се започнува со најважното па потоа со она што следи по важност, затоа Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, започна со искреност кон Аллах, потоа кон Неговата Книга, потоа кон Неговиот пратеник, потоа кон водачите на муслиманите а потоа и кон останатите муслимани.
Превод: Англиски Урду Индонезиски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التاميلية البورمية التايلندية الألمانية بشتو الأسامية الألبانية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية اليوروبا الليتوانية الدرية الصربية الطاجيكية الكينياروندا المجرية التشيكية الموري المالاجاشية الفولانية الإيطالية الأورومو الكانادا الولوف الأذربيجانية الأوزبكية الأوكرانية الجورجية الخميرية
Преглед на преводи
Категории
Повеќе...