عَنْ أَبِي حُمَيْدٍ السَّاعِدِيِّ رَضيَ اللهُ عنه قَالَ:
اسْتَعْمَلَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ رَجُلًا عَلَى صَدَقَاتِ بَنِي سُلَيْمٍ، يُدْعَى ابْنَ اللُّتْبِيَّةِ، فَلَمَّا جَاءَ حَاسَبَهُ، قَالَ: هَذَا مَالُكُمْ وَهَذَا هَدِيَّةٌ. فَقَالَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ: «فَهَلَّا جَلَسْتَ فِي بَيْتِ أَبِيكَ وَأُمِّكَ، حَتَّى تَأْتِيَكَ هَدِيَّتُكَ إِنْ كُنْتَ صَادِقًا» ثُمَّ خَطَبَنَا، فَحَمِدَ اللَّهَ وَأَثْنَى عَلَيْهِ، ثُمَّ قَالَ: «أَمَّا بَعْدُ، فَإِنِّي أَسْتَعْمِلُ الرَّجُلَ مِنْكُمْ عَلَى العَمَلِ مِمَّا وَلَّانِي اللَّهُ، فَيَأْتِي فَيَقُولُ: هَذَا مَالُكُمْ وَهَذَا هَدِيَّةٌ أُهْدِيَتْ لِي، أَفَلاَ جَلَسَ فِي بَيْتِ أَبِيهِ وَأُمِّهِ حَتَّى تَأْتِيَهُ هَدِيَّتُهُ، وَاللَّهِ لاَ يَأْخُذُ أَحَدٌ مِنْكُمْ شَيْئًا بِغَيْرِ حَقِّهِ إِلَّا لَقِيَ اللَّهَ يَحْمِلُهُ يَوْمَ القِيَامَةِ، فَلَأَعْرِفَنَّ أَحَدًا مِنْكُمْ لَقِيَ اللَّهَ يَحْمِلُ بَعِيرًا لَهُ رُغَاءٌ، أَوْ بَقَرَةً لَهَا خُوَارٌ، أَوْ شَاةً تَيْعَرُ» ثُمَّ رَفَعَ يَدَهُ حَتَّى رُئِيَ بَيَاضُ إِبْطِهِ، يَقُولُ: «اللَّهُمَّ هَلْ بَلَّغْتُ» بَصْرَ عَيْنِي وَسَمْعَ أُذُنِي.
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 6979]
المزيــد ...
Ебу Хумејд ес-Саиди, Аллах нека е задоволен со него, раскажува:
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, испратил човек да го собере закатот од племето Бену Сулејм. Тој човек се викал ибн Ел-Лутбија. Кога се вратил, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го повикал да за пресметка на собраното. Човекот рече: „Ова е за вас, а ова е подарок што ми го дадоа.“
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рече: „Зошто не остана во куќата на твојот татко и мајка, па да видиме дали ќе ти дадат подарок – ако ја зборуваш вистината?“
Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ни одржа хутба. Му заблагодари на Аллах, Го возвиши Него, па рече:
„Навистина, јас испраќам некој од вас на должност – за работа што ми ја доверил Аллах – па тој ќе се врати и ќе рече:
,Ова е за вас, а ова е подарок што ми го дадоа.‘
Зошто не остана да седи во куќата на својот татко и мајка, па да видиме дали ќе му дојдеше подарокот?
Се колнам во Аллах, никој од вас нема да земе нешто што не му припаѓа со право, а да не дојде кај Аллах на Судниот ден носејќи го тоа со себе:
– ќе дојде носејќи камила што рика,
– или крава што мука,
– или овца што блее.“
Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја крена раката толку високо што се виде белината на неговата подмишка и рече:
„Аллаху мој, посведочи дека го пренесов ова!“
Потоа додаде: „Моите очи видоа, а моите уши слушнаа.“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 6979]
Ебу Хумејд ес-Саиди, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, назначи еден човек, по име Ибн Ел-Лутбија, да го собира зекатот од племето Бену Сулејм. Кога се врати во Медина, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го повика да му положи сметка за она што го собрал и потрошил. Ибн Ел-Лутбија рече: „Ова е вашиот имот што го собрав од зекатот, а ова е подарокот што ми го дадоа.“ Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рече: „Зошто не остана во куќата на твојот татко и мајка, па да видиме дали ќе ти беше донесен подарок – ако ја зборуваш вистината? Навистина, правата за кои работеше се причина што ти е даден подарокот, а да останеше дома, ништо немаше да ти биде подарено. Затоа, не смее да го сметаш за дозволено само затоа што стигнало до тебе како подарок.“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, се искачи на минберот лут, Го пофали Семоќниот и Му заблагодари на Аллах, па рече: „Потоа велам...Јас поставувам некој од вас на работа – на нешто што Аллах ми го доверил: зекатот и воениот плен – па тој се враќа и вели: ,Ова е за вас, а ова е подарокот што ми го дадоа.‘ Зарем не можеше да остане во куќата на својот татко и мајка, па да видиме дали ќе му беше донесен подарокот?
Се колнам во Аллах, никој нема да земе нешто што не му припаѓа според право, а да не дојде кај Аллах на Судниот ден носејќи го на својот врат:
– ако е камила – ќе рика,
– ако е крава – ќе мука,
– ако е овца – ќе блее.“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ги крена рацете толку високо што присутните ја видоа белината на неговата подмишка и рече: „Аллаху мој, посведочи дека го пренесов ова!“ Ебу Хумејд ес-Саиди, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Ова го видоа моите очи и го слушнаа моите уши.“