عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه عَنِ النَّبِيِّ صلى الله عليه وسلم قَالَ:
«دَعُونِي مَا تَرَكْتُكُمْ، إِنَّمَا هَلَكَ مَنْ كَانَ قَبْلَكُمْ بِسُؤَالِهِمْ وَاخْتِلَافِهِمْ عَلَى أَنْبِيَائِهِمْ، فَإِذَا نَهَيْتُكُمْ عَنْ شَيْءٍ فَاجْتَنِبُوهُ، وَإِذَا أَمَرْتُكُمْ بِأَمْرٍ فَأْتُوا مِنْهُ مَا اسْتَطَعْتُمْ».
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 7288]
المزيــد ...
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Оставете ме и не прашувајте ме повеќе од она што сум ве известил, бидејќи оние пред вас беа уништени поради нивните многубројни прашања и спротивставувањето на нивните веровесници. Кога ќе ви забранам нешто, воздржете се од тоа, а кога ќе ви наредам нешто, извршете го според вашите можности.“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 7288]
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснил дека шеријатските прописи се поделени на три категории: премолчени работи, забрани и наредби.
Што се однесува до првата категорија – она за што шеријатот премолчел и не пропишал јасен пропис – основата е дека за таквите работи нема пропис дека се обврска. Во времето на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, било задолжително да се избегнува поставување прашања за нешта кои не се случиле, од страв дека би можело за нив да се објави обврска или забрана. Аллах ги оставил таквите работи како милост кон Своите робови. По смртта на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, поставувањето прашања со цел да се добие фетва или да се научи она што е неопходно за верата е дозволено, па дури и наредено. Но, ако прашањата се поставуваат со цел да се создаде непотребна сложеност и деталност, тоа е она што хадисот го осудува.
Ваквите прашања може да доведат до ситуација слична на она што се случило со синовите Израилови, кога им било наредено да заколат крава. Ако заколеле било каква крава, ќе ја исполниле наредбата, но поради нивните дополнителни прашања и барања за деталите, нивната обврска станала уште построга.
Второ: Забраните. Тоа се работите за кои оној што ги избегнува добива награда, а оној што ги прави заслужува казна. Затоа, задолжително е целосно да се избегнуваат.
Трето: Наредбите. Тоа се работите за кои оној што ги извршува добива награда, а оној што ги занемарува заслужува казна. Затоа, задолжително е да се извршуваат во рамките на можностите.