عَنْ أُمِّ عَطِيَّةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهَا قَالَتْ:
نُهِينَا عَنِ اتِّبَاعِ الجَنَائِزِ، وَلَمْ يُعْزَمْ عَلَيْنَا.

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 1278]
المزيــد ...

Уму Атија, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува:
„Забрането ни беше (нам, на жените) да следиме џенази, но забраната не беше строго изречена.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 1278]

Објаснување

Уму Атија ел-Енсарија, Аллах нека е задоволен со неа, објаснува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, им забранил на жените да ги следат џеназите. Причината за тоа е стравот од фитна – и за нив и од нив – поради нивната природна чувствителност и потешкото поднесување на ваквите тажни моменти. Потоа таа појаснува дека забраната не била со иста строгост како другите јасно забранети дела.

من فوائد الحديث

  1. На жените им е забрането следење на џеназите, што опфаќа придружба при подготовка и клањање на џеназата, како и одење до гробиштата за време на погребот.
  2. Причината за забраната е нивната поизразена емоционалност, па можат да покажат претерана тага или незадоволство, што е спротивно на задолжителното трпение.
  3. Основното правило е дека забраната означува харам, но Уму Атија, Аллах нека е задоволен со неа, од контекстот сфатила дека оваа забрана не била строга. Сепак, постојат и други хадиси кои укажуваат на посилна строгост во забраната жените да ги следат џеназите, отколку што се подразбира само од овој хадис.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (34)