+ -

عن عمران بن حصين رضي الله عنه قال: قال رسول الله صلى الله عليه وسلم:
«‌لَيْسَ ‌مِنَّا ‌مَنْ ‌تَطَيَّرَ أَوْ تُطُيِّرَ لَهُ، أَوْ تَكَهَّنَ أَوْ تُكُهِّنَ لَهُ، أَوْ سَحَرَ أَوْ سُحِرَ لَهُ، وَمَنْ عَقَدَ عُقْدَةً، وَمَنْ أَتَى كَاهِنًا فَصَدَّقَهُ بِمَا يَقُولُ فَقَدْ كَفَرَ بِمَا أُنْزِلَ عَلَى مُحَمَّدٍ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ».

[حسن] - [رواه البزار] - [مسند البزار: 3578]
المزيــد ...

Имран бин Хусајн, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Не е наш тој што претскажува злокобност преку летот на птиците, или, пак, некој друг му претскажува, тој што гата и кому му се гата, и тој што прави маѓија и за кого се прави маѓија. Тој што ќе заврзе јазол и тој што ќе посети гатач и му поверува во тоа што го вели, го негирал она што му е објавено на Мухамед, алејхи селам.“

[حسن] - [رواه البزار] - [مسند البزار - 3578]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, им се заканил на тие луѓе од неговиот умет што ќе направат некои дела со зборовите: „Не е наш“, а тие дела се:
Прво: „Тој што претскажува злокобност преку летот на птиците, или, пак, некој друг му претскажува“, основа на овие зборови е дека Арапите ја пуштале птицата да одлета кога сакале да започнат некој бизнис, патување, трговија и слично. Ако птицата отиде надесно го сметале за оптимизам, и би се впуштиле во тоа што намерувале да го направат, а ако отишла налево, го сметале за песимизам, и тогаш се откажувале од она што го планирале. Ова не е дозволено некој да го прави, ниту да му нареди на друг да го направи тоа наместо него. Значењето на хадисот ги вклучува сите облици на суеверие, без разлика дали тоа е нешто што се слуша или гледа, што вклучува птици или некои други животни или луѓе што го прават тоа преку броеви, денови или други слични работи.
Второ: „тој што гата и на кого му се гата.“ Кој тврди дека го знае гајбот-непознатото, преку употребата на ѕвездите и сл., или некој отиде кај таквиот што тврди дека го познава гајбот-непознатото, како на пример гатач и слично, а потоа му поверува во тоа што тој го тврди, тој го негирал тоа што му е објавено на Мухамед, алејхи селам.
Трето: „Тој што прави маѓија и за кого се прави маѓија“, се работи за таквиот што самиот ги прави работите на сихрот-маѓијата, или тој што задолжил некого да направи такво нешто, за со тоа да му донесе некаква корист или да нанесе штета. Такво дело е да заврзе јазол со употреба на конец и да направи сихр-маѓија така што ќе кажува забранети маѓиски зборови и ќе дува во јазлите.

Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التاميلية البورمية التايلندية الألمانية اليابانية بشتو الأسامية الألبانية السويدية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية اليوروبا الليتوانية الدرية الصربية الصومالية الطاجيكية الكينياروندا الرومانية المجرية التشيكية الموري المالاجاشية الإيطالية الأورومو الكانادا الولوف البلغارية الأذربيجانية الأوكرانية الجورجية
Преглед на преводи

من فوائد الحديث

  1. Обврска е да се потпираме на Аллах и да веруваме во Аллаховата одредба и предодредбата, забранет е секој вид на суеверие, маѓија и гатање, но и од другите да бараме да го прават тоа.
  2. Тврдењето дека го знае непознатото е ширк-многубоштво, и е во потполна спротивставеност со тевхидот-монотеизмот.
  3. Забрането е да им веруваме на гатачите и да одиме кај нив, во тоа влегува и прорекување со читање на дланка, филџан на кафе, хороскоп, па дури и да го правиме тоа од љубопитност.