عَن أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه عَنِ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، قَالَ:
«لاَ يَقُلْ أَحَدُكُمْ: اللَّهُمَّ اغْفِرْ لِي إِنْ شِئْتَ، ارْحَمْنِي إِنْ شِئْتَ، ارْزُقْنِي إِنْ شِئْتَ، وَليَعْزِمْ مَسْأَلَتَهُ، إِنَّهُ يَفْعَلُ مَا يَشَاءُ، لاَ مُكْرِهَ لَهُ». ولمسلم: «وَلَكِنْ لِيَعْزِمِ الْمَسْأَلَةَ وَلْيُعَظِّمِ الرَّغْبَةَ، فَإِنَّ اللهَ لَا يَتَعَاظَمُهُ شَيْءٌ أَعْطَاهُ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 7477]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Никој од вас нека не вели: ,Аллаху мој, прости ми ако сакаш; смилувај ми се ако сакаш; дарувај ме ако сакаш‘, туку нека биде решителен во своето барање, бидејќи Аллах го прави она што сака и никој не може да Го принуди.“ А во верзијата кај Муслим стои: „Туку нека бара решително и нека ја зголеми својата желба, затоа што ништо не е преголемо за Аллах да го даде.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 7477]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, забранил довата да се поврзува со нешто, дури и со Аллаховата волја, бидејќи е познато и сигурно дека Тој не простува освен со Негова волја. Затоа нема смисла таа да се условува, бидејќи условувањето важи само кај оној од кого е можно нешто да се добие без негова волја – под присила или слично – а Возвишениот Аллах е чист од сето тоа. Ова Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, јасно го појаснил на крајот од хадисот со зборовите: „Затоа што Него никој не може да Го присили.“ Исто така, ништо не е преголемо за Аллах за да го даде – Тој не е немоќен, ниту нешто Му е тешко – па да се каже: „Ако сакаш“. Условувањето со „ако сакаш“ претставува еден вид независност од Неговото простување. Зашто изразот: „Ако сакаш, дај ми го тоа и тоа“ се користи само со оној од кого не си во потреба или со оној што не може да ти даде. А кога станува збор за Оној Кој е Семоќен, и од Кого си во крајна потреба, тогаш треба да се бара со решителност – како сиромав што очајно моли за она што му е потребно – и да се побара засолниште кај Аллах, бидејќи Тој е Совршен и Богат и може сè.

من فوائد الحديث

  1. Забрана за условување на довата со Аллаховата волја.
  2. Потврдување на возвишеноста на Аллах и дека Тој е чист од сè што не Му доликува, како и на Неговата неизмерна добрина, совршено богатство, дарежливост и благост.
  3. Потврда за совршенството на Аллах.
  4. Поттик да се има силна желба за она што е кај Аллах и да се мисли добро за Него.
  5. Некои луѓе понекогаш несвесно ја условуваат довата со „ако сака Аллах“, велејќи: „Аллах нека те награди, ако сака“ или „Аллах нека му се смилува, ако сака“ – а тоа не е дозволено, според наведениот хадис.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (43)