Едеби на довата

4Листа на хадиси

Листа на хадиси 4

„Ниту еден муслиман нема да упати дова во која нема грев, ниту прекин на роднинските врски, а Аллах да не му даде преку таа дова една од три работи: или ќе му ја исполни веднаш, или ќе му ја зачува за Ахирет, или ќе го заштити од некакво зло во иста мера.“ Асхабите рекоа: „Тогаш да правиме дова уште повеќе.“ А тој одговори: „Аллах ќе даде уште повеќе.“
„Навистина, вашиот Господар е Срамежлив и Благороден – се срами од Својот роб кога тој ќе ги крене рацете (со дова) кон Него, да ги врати празни.“
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги преферирал сеопфатните дови, а ги оставал другите.“
„Никој од вас нека не вели: ,Аллаху мој, прости ми ако сакаш; смилувај ми се ако сакаш; дарувај ме ако сакаш‘, туку нека биде решителен во своето барање, бидејќи Аллах го прави она што сака и никој не може да Го принуди.“