+ -

عَنْ أُبَيِّ بْنِ كَعْبٍ رضي الله عنه قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«لاَ تَسُبُّوا الرِّيحَ، فَإِذَا رَأَيْتُمْ مَا تَكْرَهُونَ فَقُولُوا: اللَّهُمَّ إِنَّا نَسْأَلُكَ مِنْ خَيْرِ هَذِهِ الرِّيحِ وَخَيْرِ مَا فِيهَا وَخَيْرِ مَا أُمِرَتْ بِهِ، وَنَعُوذُ بِكَ مِنْ شَرِّ هَذِهِ الرِّيحِ وَشَرِّ مَا فِيهَا وَشَرِّ مَا أُمِرَتْ بِهِ».

[صحيح] - [رواه الترمذي] - [سنن الترمذي: 2252]
المزيــد ...

Убеј бин Каб, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Не колнете го ветерот! А кога ќе видите нешто што не ви се допаѓа, кажете: ,О Аллаху, Те молиме за доброто на овој ветер, за доброто што е во него и за доброто со кое е испратен. А кај Тебе бараме засолниште од неговото зло, од злото што е во него и од злото со кое е испратен.‘“ (Аллахумме инна нес-елуке мин хајри хазихир-риих, ве хајри ма фиха, ве хајри ма умирет бих; ве неузу бике мин шерри хазихир-риих, ве шерри ма фиха, ве шерри ма умирет бих.)

[صحيح] - [رواه الترمذي] - [سنن الترمذي - 2252]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, забранил проколнување или навредување на ветерот, бидејќи тој е под наредба на неговиот Создател – доаѓа и со милост и со казна. Навредувањето на ветерот претставува навреда кон Аллах, неговиот Создател, и е израз на незадоволство од Неговата одредба.
Потоа, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, упатил кон враќање кон Аллах – Создателот на ветерот – преку молење за доброто што го носи, за доброто што е во него и за доброто со кое е испратен, како што се дождот, разнесувањето на полен и слично; и барање заштита кај Аллах од неговото зло, од злото што е во него и од злото со кое е испратен, како што се уништувањето на растенијата и дрвјата, угинувањето на добитокот или уривањето на градбите и слично.
Во ваквата молитва има израз на вистинска покорност кон Аллах.

من فوائد الحديث

  1. Забрана за псуење на ветерот – затоа што тој е создаден и управуван од Аллах, и затоа што тоа псуење му се испраќа на неговиот Создател и Управувач, што укажува на непотполност на тевхидот.
  2. Враќањето кон Аллах и барањето засолниште кај Него од злото на она што Тој го создал.
  3. Ветерот понекогаш е испратен со добро, а понекогаш со зло.
  4. Ибн Баз рекол: „Проколнувањето на ветерот е од гревовите, бидејќи тој е создаден и управуван – се испраќа и со добро и со зло. Затоа не е дозволено да се навредува, ниту да се каже: ,Аллах нека го проколне овој ветер‘, или ,Аллах нека го уништи‘, или ,Аллах нека не ја благослови оваа ветроштина‘, или слично. Верникот треба да постапи согласно упатството на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.“
  5. На ветерот, во забраната за проколнувење и навредување, аналогно му се придружуваат и жештината, студот, Сонцето, прашината и сè друго што е Аллахово создание и под Негово управување.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Свахили التايلندية الأسامية الهولندية الغوجاراتية اليوروبا الرومانية المجرية الموري الجورجية
Преглед на преводи