عن أَبِي مُوسَى الأَشْعَرِيِّ رضي الله عنه: أَنَّ رَسُولَ اللهِ صلى الله عليه وسلم قَالَ:
«مَنْ صَلَّى ‌الْبَرْدَيْنِ دَخَلَ الْجَنَّةَ»

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 574]
المزيــد ...

Од Ебу Муса ел-Ешари, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој ќе ги клања бердејн (намазите сабах и икиндија), ќе влезе во Џенетот.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 574]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги поттикнал муслиманите да бидат истрајни во клањањето на „бердејн“ – сабах и икиндија намазите – и ја пренел радосната вест дека оној кој ги извршува навреме, со присуство во џемат и со целосно исполнување на нивните прописи, тие ќе бидат причина за неговото влегување во Џенетот.

من فوائد الحديث

  1. Вредноста на истрајноста во клањањето на сабах и икиндија намазите лежи во тоа што сабах намазот се извршува во време кога човекот најмногу ужива во сонот, додека икиндија намазот се клања во период кога човекот е најмногу зафатен со своите обврски. Оној кој е истраен во нивното клањање, со уште поголема посветеност ќе биде истраен и во останатите намази.
  2. Сабах и икиндија намазите се наречени „бердејн“ затоа што сабах намазот се клања кога е свежината на ноќта, а икиндија намазот кога е денот најсвеж. Иако икиндија намазот понекогаш се извршува во топлите периоди, тој е поподнослив од времето што му претходи. Ова именување на „бердејн“ може исто така да биде форма на општо именување, слично како што се користи терминот „двете месечини“ (камеран) за Сонцето и Месечината.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (53)
Повеќе...