عَنْ جَابِرٍ رَضيَ اللهُ عنهُ عَنِ النَّبِيِّ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«مَنْ قَالَ: سُبْحَانَ اللهِ العَظِيمِ وَبِحَمْدِهِ، غُرِسَتْ لَهُ نَخْلَةٌ فِي الجَنَّةِ».

[صحيح] - [رواه الترمذي] - [سنن الترمذي: 3464]
المزيــد ...

Џабир, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој ќе изговори: ,Субханаллахил-Азим ве бихамдихи’ – ќе му биде засадена палма во Џенетот.“

[صحيح] - [رواه الترمذي] - [سنن الترمذي - 3464]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека оној што ќе ја изговори оваа реченица – со која Го слави Аллах, Го смета за чист од сите недостатоци, и Го фали со Неговите возвишени својства, битие и дела – за секое нејзино изговарање му се засадува палма во Џенетот.

من فوائد الحديث

  1. Поттик на често спомнување на Возвишениот Аллах – меѓу што се вбројуваат тесбихот (изговарањето субханаллах) и техмидот (изговарањето елхамдулиллах).
  2. Џенетот е бескрајно простран, а неговите садници се токму овие зикрови – тесбих и техмид – како дар и милост од Возвишениот Аллах.
  3. Во хадисот е спомната палмата, а не некое друго дрво, поради нејзините бројни придобивки и благородниот плод. Затоа Возвишениот Аллах ја земал палмата како пример во Куранот, споредувајќи го со неа верникот и неговата вера.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (40)