+ -

عَنْ سَعْدٍ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ قَالَ:
كُنْتُ أَرَى رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يُسَلِّمُ عَنْ يَمِينِهِ، وَعَنْ يَسَارِهِ، حَتَّى أَرَى بَيَاضَ خَدِّهِ.

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 582]
المزيــد ...

Сад, Аллах нека е задоволен со него, рекол:
„Го гледав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како го предава селамот на десната и на левата страна, сè додека не ја здогледав белината на неговиот образ.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 582]

Објаснување

Сад бин ебу Векас, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека го гледал образот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, поради неговото јасно и силно вртење на главата при предавањето на селамот во намазот – прво кон десната страна при првиот селам, а потоа кон левата страна при вториот.

من فوائد الحديث

  1. Пропишано е при селамот во намазот главата да се сврти целосно кон десната и кон левата страна.
  2. Пропишано е предавањето на два селама: првиот кон десната, а вториот кон левата страна.
  3. Имамот ен-Невеви рекол: „Ако некој ги предаде двата селама упатувајќи ги двапати кон десната страна, или двапати кон левата, или обата кон предната страна, или првиот кон левата а вториот кон десната страна – намазот ќе му биде исправен и двата селама ќе се сметаат. Но ќе ја изгуби посебната вредност што произлегува од нивното правилно извршување.“
Превод: Индонезиски Бенгалски Виетнамски Курдски Португалски التايلندية الأسامية الهولندية الدرية المجرية الجورجية
Преглед на преводи
Повеќе...