عن ابنِ عَبَّاسٍ رضي الله عنهما عن النبيِّ صلى الله عليه وسلم قال:
«أُمِرْتُ أَنْ أَسْجُدَ عَلَى سَبْعَةِ أَعْظُمٍ: عَلَى الْجَبْهَةِ وَأَشَارَ بِيَدِهِ عَلَى أَنْفِهِ، وَالْيَدَيْنِ، وَالرُّكْبَتَيْنِ، وَأَطْرَافِ الْقَدَمَيْنِ، وَلَا نَكْفِتَ الثِّيَابَ وَالشَّعَرَ».
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 812]
المزيــد ...
Ибн Абас, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Наредено ми е да направам сеџда со седум делови од телото: челото – и покажа со раката кон носот, дланките, колената и врвовите на стапалата. Исто така, ми беше наредено притоа да не ги собирам алиштата и косата.“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 812]
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни кажал дека Аллах му наредил кога клања намаз и паѓа на сеџда да го направи тоа со седум делови од телото; а тие се:
Прво: челото, тоа е горниот рамен дел од лицето, над носот и очите, Аллаховиот пратеник, алејхи селам, покажал со својата рака кон носот, појаснувајќи дека челото и носот се еден орган од тие седум делови, и со тоа потврдил дека тој што прави сеџда треба ја допре земјата со носот.
Второ и трето: рацете.
Четврто и петто: колената.
Шесто и седмо: прстите на нозете.
Пратеникот ни забранил да си ја врзуваме косата и да си ја собираме облеката при извршувањето на сеџдата додека се спуштаме на земјата, за да ги заштитиме. Напротив, потребно е да ја оставиме косата и облеката да ја допираат земјата, па и тие да направат сеџда со останатите делови на телото.