+ -

عَنِ الْبَرَاءِ رضي الله عنه قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«إِذَا سَجَدْتَ، فَضَعْ كَفَّيْكَ وَارْفَعْ مِرْفَقَيْكَ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 494]
المزيــد ...

Ел-Бера, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кога ќе одиш на сеџда, постави ги дланките на земјата и подигни ги лактите.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 494]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил како треба да биде положбата на рацете при одењето на сеџда во намазот, така што дланките цврсто се поставуваат на земјата, со споени прсти насочени кон киблата, а лактите – зглобовите меѓу подлактицата и надлактицата – треба да бидат подигнати од земја и раширени од бочните страните на телото, без да ја допираат земјата.

من فوائد الحديث

  1. Обврска на оној што клања е да ги постави дланките на земјата, бидејќи тие се дел од седумте делови на телото што учествуваат во сеџдата.
  2. Препорачливо е подлактиците да бидат подигнати од земјата, додека непожелно е да се спуштаат и да лежат на неа, како што животните ги спуштаат своите предни шепи.
  3. Пропишано е да се искажува сила, посветеност и желба за ибадетот.
  4. Кога оној што клања правилно се потпира на сите делови на телото што учествуваат во сеџдата, секој од нив го добива својот удел во ибадетот.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التايلندية بشتو الأسامية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية النيبالية المجرية الموري الأذربيجانية الجورجية
Преглед на преводи
Повеќе...