عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«أَسْوَأُ النَّاسِ سَرَقَةً الَّذِي يَسْرِقُ صَلَاتَهُ» قَالَ: وَكَيْفَ يَسْرِقُ صَلَاتَهُ؟ قال: «لَا يُتِمُّ رُكُوعَهَا، وَلَا سُجُودَهَا».

[صحيح] - [رواه ابن حبان] - [صحيح ابن حبان: 1888]
المزيــد ...

Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели:
,Најлошиот човек кој краде е оној што го краде својот намаз.‘ Му беше речено: ,А како го краде својот намаз?‘ Рече: ,Не го извршува целосно неговиот руку и неговата сеџда.‘“

[صحيح] - [رواه ابن حبان] - [صحيح ابن حبان - 1888]

Објаснување

Пратеникот ﷺ појасни дека најгрдиот облик на кражба е кога човекот краде од својот намаз. Тоа е така бидејќи кога некој краде од имотот на друг, можеби ќе има некаква корист од тоа на дуњалукот, но овој човек краде од самиот себе — се лишува самиот себе од наградата и добрината на делото. Го прашале: „О Аллахов Пратенику, а како краде од својот намаз?“ Рече: „Не извршува целосно поклонот-руку и сеџда“ — односно се брза на руку и на сеџда, па не ги извршува како што треба, со смиреност и потполност.

من فوائد الحديث

  1. Важноста на убавото извршување на намазот и исполнувањето на неговите столбови со смиреност и побожност.
  2. Описот на оној што не извршува целосно руку и сеџда како крадец, има за цел застрашување од таквото однесување и укажување дека тоа е забрането.
  3. Задолжително е целосното извршување на руку и сеџда во намазот, како и исправното подигнување по нив.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (57)
Повеќе...