عَنْ عُبَادَةَ بْنِ الصَّامِتِ رضي الله عنه أَنَّ رَسُولَ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«لَا صَلَاةَ لِمَنْ لَمْ يَقْرَأْ بِفَاتِحَةِ الكِتَابِ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 756]
المزيــد ...

Убаде бин Самит, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Нема намаз оној кој не ја изговорил (сурата) Ел Фатиха.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 756]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека намазот нема да биде исправен без читање на поглавјето Ел Фатиха. Нејзиното изговарање е еден од столбовите на намазот.

من فوائد الحديث

  1. Не е исправно да се чита ништо друго наместо поглавјето Ел Фатиха, за оној кој е во можност.
  2. Рекатот во кој не е изговорено поглавјето Ел Фатиха не е валиден. Било да е намерно испуштено, од незнаење или поради заборав, рецитирањето на ова поглавје е рукн/столб на намазот, а рукнот никако не може да се изостави.
  3. Обврската да се рецитира ова поглавје отпаѓа кај клањачот кој стигнал во намазот кога имамот е во состојба на поклон/руку.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (54)