عن أبي هريرة رضي الله عنه عن النبي صلى الله عليه وسلم:
«اللهُمَّ لَا تَجْعَلْ قَبْرِي وَثَنًا، لَعَنَ اللهُ قَوْمًا اتَّخَذُوا قُبُورَ أَنْبِيَائِهِمْ مَسَاجِدَ».

[صحيح] - [رواه أحمد] - [مسند أحمد: 7358]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Аллаху мој, не дозволувај мојот гроб да стане идол за обожување! Аллаховото проклетство нека биде врз оние кои ги претвораат гробовите на своите пратеници во џамии!“

[صحيح] - [رواه أحمد] - [مسند أحمد - 7358]

Објаснување

Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го молеше својот Господар да не дозволи неговиот гроб да стане идол кој луѓето ќе го обожуваат преку величење и правење сеџда во неговиот правец. Потоа, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол дека Аллах ги оддалечил од својата милост и ги проколнал оние кои ги претвораат гробовите на пратениците во џамии, бидејќи тоа води кон нивното обожување и погрешно верување поврзано со нив.

من فوائد الحديث

  1. Пречекорувањето на шеријатските граници во врска со гробовите на пратениците и добрите луѓе води кон тоа да се обожуваат покрај Аллах, па затоа треба да се внимава на делата кои водат кон многубоштвото.
  2. Не е дозволено да се посетуваат гробовите со цел да се величаат и обожуваат, без разлика на положбата на мртвиот кај Аллах.
  3. Забрането е градењето на џамии врз гробовите.
  4. Забрането е да се извршува намаз кај гробовите, дури и ако не е изградена џамија, освен џеназе намазот ако не е извршен на друго место.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (67)