عن أبي مَرْثَدٍ الغَنَوِيّ رضي الله عنه قال: قال رسول الله صلى الله عليه وسلم:
«لَا تَجْلِسُوا عَلَى الْقُبُورِ، وَلَا تُصَلُّوا إِلَيْهَا».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 972]
المزيــد ...

Ебу Мерсед ел Ганеви, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Не седете врз гробовите, и не клањајте кон нив.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 972]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, забранил да седиме врз гробовите.
Исто така забранил да клањаме свртени кон гробница, така што гробот ќе биде помеѓу клањачот и киблата, бидејќи тоа води кон ширк-многубоштво.

من فوائد الحديث

  1. Забрането е да клањаме во гробишта, помеѓу гробовите или свртени кон нив, освен џеназе намазот, како што е тоа потврдено со праксата на Аллаховиот пратеник.
  2. Забрането е да клањаме кон гробовите, како превенција да не направиме дело на ширк.
  3. Исламот го забранил претерувањето во поглед на гробовите и забранил истите да се омалуважуваат. И двете крајности се забранети.
  4. Светоста на муслиманот останува и по неговата смрт, како што кажал Аллаховиот пратеник, алејхи селам: „Да се скрши коската на умрениот е исто како и да се скрши коската на живиот.“
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (62)
Повеќе...