+ -

عن أبي أمامة الباهلي رضي الله عنه قال: سمعتُ رسول الله صلى الله عليه وسلم يقول:
«اقرؤوا القرآنَ فإنَّه يأتي يوم القيامة شَفِيعًا لأصحابه، اقرؤوا الزَّهرَاوَين البقرةَ وسورةَ آل عِمران، فإنهما تأتِيان يوم القيامة كأنهما غَمَامَتان، أو كأنهما غَيَايَتانِ، أو كأنهما فِرْقانِ من طَيْر صَوافٍّ، تُحاجَّان عن أصحابهما، اقرؤوا سورة البقرة، فإن أخذها بَرَكة، وتركها حَسْرة، ولا تستطيعها البَطَلَة».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 804]
المزيــد ...

Ебу Умаме ел-Бахили, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
,Читајте го Куранот, зашто на Судниот ден тој ќе дојде како застапник за тие што го читале. Читајте ги двете светлини – Ел Бекаре и Али Имран – бидејќи на Судниот ден ќе дојдат како два облака, или две сенки, или две групи птици со раширени крилја, застапувајќи се за оние што ги читале. Читајте ја сурaта Ел-Бекаре, затоа што нејзиното изучување носи благослов, а нејзиното напуштање е загуба, а маѓепсниците не можат да ѝ се спротивстават.‘“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 804]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, поттикнал на редовно читање на Куранот, бидејќи тој на Судниот ден ќе се заземе за оние што го читаат и се придржуваат кон неговите упатства. Посебно ја истакнал вредноста на сурите Ел Бекаре и Али Имран, нарекувајќи ги „двете светлини“ поради нивната светлина и упатство. Нивната награда и корист – преку читањето, размислувањето за нивните значења и постапувањето според нивните прописи – на Судниот ден ќе дојдат како два облака или слично на нив, или како две групи птици со раширени крилја што се надоврзуваат една на друга, правејќи сенка за, и бранејќи го оној што ги читал. Потоа, салаллаху алејхи ве селем, уште еднаш ја нагласил важноста на постојаното читање на сурaта Ел Бекаре, нејзиното разбирање и примена на нејзините упатства, истакнувајќи дека тоа носи голем благослов и корист и на овој свет и на Ахиретот. Напуштањето на оваа сура е причина за загуба и жалење на Судниот ден, а меѓу нејзините посебни вредности е и тоа што маѓепсниците не можат да му наштетат на оној што ја чита.

من فوائد الحديث

  1. Наредба за редовното и честото читање на Куранот, бидејќи тој на Судниот ден ќе се заземе за неговите читатели – оние што го читаат, се придржуваат до неговото упатство, ги исполнуваат неговите наредби и се воздржуваат од она што Куранот го забранува.
  2. Вредноста на читањето на сурите Ел Бекаре и Али Имран и големата награда што ја носат.
  3. Вредноста на читањето на сурaта Ел Бекаре и тоа што таа го штити својот читател од маѓијата и злото на маѓепснците.
Превод: Англиски Урду Индонезиски Бенгалски Француски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Курдски Хауса Португалски Свахили التايلندية الأسامية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية الدرية الرومانية المجرية الجورجية الخميرية الماراثية
Преглед на преводи