+ -

عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه قَالَ: قَالَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«لاَ يُصَلِّي أَحَدُكُمْ فِي الثَّوْبِ الوَاحِدِ لَيْسَ عَلَى عَاتِقَيْهِ شَيْءٌ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 359]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Нека никој од вас не клања во облека што не му ги покрива рамената.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 359]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, забранил оној што клања да ги остава рамената непокриени – односно просторот меѓу рамото и вратот – без да стави нешто врз нив. Иако рамената не се аврет, нивното покривање помага во покривањето на авретот и е поблиску до величањето и почитувањето на Аллах додека човек стои пред Него во намазот.

من فوائد الحديث

  1. Дозволеноста на клањање во едноделна облека, доколку покрива сè што е задолжително да се покрие.
  2. Дозволеноста на клањање во дводелна облека – едниот дел да го покрива горниот, а другиот долниот дел од телото.
  3. Пожелно е клањачот да биде уреден и пристојно облечен.
  4. Обврската за покривање на двете рамена или барем едното при клањање, доколку тоа е возможно. Некои сметаат дека забраната се однесува на мекрух (непожелно).
  5. Скромната материјална состојба на асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, до тој степен што некои од нив немале ни две облеки.
  6. Имамот Невеви, во објаснувањето на хадисот, рекол:
  7. „Мудроста во овој хадис е што, доколку човек се завитка во една облека без да стави дел од неа врз своите рамена, постои опасност да му се открие авретот. Наспроти тоа, ако стави дел од неа на рамената, тој ризик се намалува. Исто така, можно е да мора да ја држи облеката со едната или двете раце, што би го одвлекло и би го спречило да го практикува Сунетот – да ја постави десната рака врз левата под градите, како и да ги крева рацете во моментите кога тоа е пропишано. Покрај тоа, оставањето на горниот дел од телото непокриен значи и непокривање на местото на украсување, а Возвишениот Аллах вели: ,О, синови Адемови, облечете се убаво кога сакате намазот (молитвата) да го извршите!‘ (Ел Араф, 31)“
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التايلندية بشتو الأسامية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية النيبالية المجرية الجورجية
Преглед на преводи