+ -

عن علي رضي الله عنه عن النبي صلى الله عليه وسلم قال:
«رُفِعَ الْقَلَمُ عن ثلاثة: عن النائم حتى يَسْتَيْقِظَ، وعن الصبي حتى يَحْتَلِمَ، وعن المجنون حتى يَعْقِلَ».

[صحيح] - [رواه أبو داود والترمذي والنسائي في الكبرى وابن ماجه وأحمد] - [سنن أبي داود: 4403]
المزيــد ...

Али, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Перото е подигнато (не запишува) за тројца: за оној што спие сè додека не се разбуди, за детето сè додека не достигне зрелост и за лудиот сè додека не се освести.“

[صحيح] - [رواه أبو داود والترمذي والنسائي في الكبرى وابن ماجه وأحمد] - [سنن أبي داود - 4403]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека шеријатската обврска (теклиф) важи за сите луѓе потомци на Адем, освен за тројца:
Детето сè додека не порасне и не стане полнолетно.
Лудиот, кој го загубил разумот, сè додека не му се врати.
Оној што спие сè додека не се разбуди.
За нив обврската е укината, па нивните гревови не им се запишуваат. Сепак, добрите дела на детето му се запишуваат, но не и на лудиот и тој што спие, бидејќи тие не се во состојба да извршуваат исправно ибадет поради недостаток на свест.

من فوائد الحديث

  1. Човекот може да ја загуби правната способност поради неколку причини:
  2. Ако заспие и не е во состојба на будност ниту има можност да ги изврши своите обврски.
  3. Ако е малолетен и недоволно зрел, што го прави неспособен за правно дејствување.
  4. Ако страда од ментално растројство, како лудило, што предизвикува нарушување на неговите умствени функции, или слична состојба, како пијанството.
  5. Кога некое лице ја губи способноста за исправно расудување и правилно разбирање, тогаш ја губи и својата одговорност поради една од овие три причини. Следствено Возвишениот Аллах, со Својата совршена правда, благост и дарежливост, не го задолжува со одговорност за пречекорувања или пропусти што ги направил во Неговото право.
  6. Незапишувањето на гревовите кај овие лица не значи дека не подлежат на одредени овосветовни прописи. На пример, ако лудиот човек изврши убиство, не му се изрекува казна за одмазда, ниту му се наложува искуп, но обврската за исплата на крвнина паѓа на неговото семејство.
  7. Полнолетноста според шеријатот се утврдува со еден од трите знаци:
  8. Ејакулацијата, без разлика дали тоа се случува во сон (полуција) или на друг начин.
  9. Појавата на срамни влакна.
  10. Наполнувањето на петнаесет години.
  11. Кај жените постои и четврт знак, а тоа е појавата на првата менструација.
  12. Субки вели: „Детето (сабиј) се нарекува гулам (момче).“ Некои други велат: „Детето во утробата на мајката се нарекува џенин (ембрион). Кога ќе се роди, се нарекува сабиј (дете). Кога ќе престане да дои, се нарекува гулам сè до седум години, потоа станува јафи до десет години, а потоа хазур до петнаесет години.“
  13. Но, она што се смета за сигурно е дека во сите овие фази може да се нарече сабиј (дете), како што истакнал Сујути.
Превод: Англиски Урду Индонезиски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التايلندية بشتو الأسامية السويدية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية الصربية الرومانية المجرية الموري المالاجاشية الجورجية
Преглед на преводи