+ -

عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«خَيْرُ صُفُوفِ الرِّجَالِ أَوَّلُهَا، وَشَرُّهَا آخِرُهَا، وَخَيْرُ صُفُوفِ النِّسَاءِ آخِرُهَا، وَشَرُّهَا أَوَّلُهَا».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 440]
المزيــد ...

Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Најдобрите сафови за мажите се првите, а најлошите последните. Додека за жените, најдобрите сафови се последните, а најлошите првите.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 440]

Објаснување

Божјиот веровесник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека најдобрите сафови за мажите во намазот, со најголема награда и вредност, се првите, бидејќи тие се најблиску до имамот, го слушаат неговото рецитирање и се најоддалечени од жените. Додека најлошите сафови за мажите, со најмала награда и вредност, се последните, бидејќи тие се најоддалечени од имамот и најмалку ја постигнуваат целта на шеријатот. Кај жените, најдобрите сафови се последните, бидејќи така се поскриени, подалеку од мажите и помалку изложени на мешање и фитна. Најлошите сафови за нив се првите, бидејќи се поблиску до мажите и се повеќе изложени на фитна.

من فوائد الحديث

  1. Поттик за мажите да се натпреваруваат во покорност и да ги заземаат првите сафови во намазот.
  2. Дозволеноста на жените да клањаат во џамија заедно со мажите, но во посебни сафови, со задолжително придржување кон пропишаното покривање и чедност.
  3. Кога жените се соберат во џамијата, треба да стојат во сафови, како што тоа го прават мажите, без да се раздвојуваат. Наредено им е да бидат во исправени сафови, без празнини, исто како и кај мажите.
  4. Хадисот јасно укажува на грижата на шеријатот во одвојувањето на жените од мажите дури и на местата каде што се извршува ибадет.
  5. Луѓето се разликуваат според нивните дела.
  6. Имамот ен-Невеви рекол: „Што се однесува до сафовите на мажите, тие остануваат непроменети – најдобри се првите, а најлоши последните. Но, кога станува збор за сафовите на жените, хадисот се однесува на оние кои клањаат заедно со мажите. Доколку тие клањаат одвоено, без мажи, тогаш нивните сафови се како кај мажите – најдобрите се првите, а најлошите последните.“
  7. Имамот ен-Невеви рекол: „Пофалениот прв саф, за кој се спомнати хадиси што го поттикнуваат заземањето на тоа место, е оној што е веднаш зад имамот – без разлика дали оној што го зазел пристигнал порано или подоцна, и без разлика дали има преграда или нешто слично што го дели од имамот или не.“
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التايلندية بشتو الأسامية السويدية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية الليتوانية الصربية الرومانية المجرية الموري المالاجاشية الجورجية
Преглед на преводи