+ -

عَن أَبي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه قَالَ: سَمِعْتُ رَسُولَ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَقُولُ:
«تَفْضُلُ صَلاَةُ الجَمِيعِ صَلاَةَ أَحَدِكُمْ وَحْدَهُ، بِخَمْسٍ وَعِشْرِينَ جُزْءًا، وَتَجْتَمِعُ مَلاَئِكَةُ اللَّيْلِ وَمَلاَئِكَةُ النَّهَارِ فِي صَلاَةِ الفَجْرِ» ثُمَّ يَقُولُ أَبُو هُرَيْرَةَ: فَاقْرَءُوا إِنْ شِئْتُمْ: {إِنَّ قُرْآنَ الفَجْرِ كَانَ مَشْهُودًا} [الإسراء: 78].

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 648]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
„Колективниот намаз (во џемат) е повреден од намазот што некој од вас го клања сам – за дваесет и пет степени. А при сабахскиот намаз се собираат мелеците на ноќта и мелеците на денот.“ Потоа Ебу Хурејре рекол: „Цитирајте, ако сакате: ,И намазот в мугри, бидејќи на намазот в мугри многумина присуствуваат.‘“ (Ел Исра, 78)

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 648]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека наградата и вредноста на намазот што мажот го клања во џемат, зад имамот, е поголема за дваесет и пет намази од наградата кога би клањал сам – било во својот дом или на пазар. Потоа, салаллаху алејхи ве селем, спомнал дека при сабахскиот намаз се собираат мелеците на ноќта и мелеците на денот. А Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, го потврдил ова наведувајќи го следниов ајет како доказ:
Цитирајте ако сакате: „...бидејќи на намазот в мугри многумина присуствуваат.“ (Ел Исра, 78) Што значи дека на сабахскиот намаз присуствуваат мелеците на денот и на ноќта.

من فوائد الحديث

  1. Ибн Хаџер рекол: „Намазот извршен во џамија во џемат е повреден од намазот извршен дома или на пазар – било да е извршен поединечно или во џемат. Ова го спомнал и Ибн Декик ел-Иид."
  2. Овој хадис укажува на посебната вредност на сабахскиот намаз, бидејќи за него е спомнато дека се собираат и мелеците на ноќта и мелеците на денот.
  3. Ибн Баз рекол: „Верникот треба да се труди да ги клања сите намази во џемат, дури и ако џамијата е оддалечена – за да ја постигне оваа голема награда.“
  4. Имамот Невеви, објаснувајќи ја разликата меѓу хадисите во кои се спомнува дека намазот во џемат е повреден за дваесет и пет степени, и оние во кои се спомнуваат дваесет и седум, вели дека усогласувањето меѓу нив може да се сфати на три начини:
  5. 1. Нема противречност – спомнувањето на помал број не го негира поголемиот. Според принципите на исламското право, наведувањето одреден број не го исклучува она што е повеќе.
  6. 2. Можно е прво да бил пренесен помалиот број, а потоа Аллах го известил Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за поголемата награда, па тој ја пренел.
  7. 3. Наградата може да се разликува во зависност од состојбата на клањачот и на самиот намаз – кај некои луѓе наградата е дваесет и пет, а кај други дваесет и седум – според степенот на нивната смиреност, грижата за намазот, бројот на џематлиите и вредноста на џематот, местото каде што се клања и слични фактори. А Аллах најдобро знае.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Телгу Свахили التايلندية الأسامية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية الدرية الرومانية المجرية الجورجية الخميرية الماراثية
Преглед на преводи