+ -

عَنْ عَبْدِ اللَّهِ بْنِ عُمَرَ رَضيَ اللهُ عنهما:
سَأَلَ رَجُلٌ النَّبِيَّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ وَهُوَ عَلَى المِنْبَرِ، مَا تَرَى فِي صَلاَةِ اللَّيْلِ، قَالَ: «مَثْنَى مَثْنَى، فَإِذَا خَشِيَ الصُّبْحَ صَلَّى وَاحِدَةً، فَأَوْتَرَتْ لَهُ مَا صَلَّى» وَإِنَّهُ كَانَ يَقُولُ: «اجْعَلُوا آخِرَ صَلاَتِكُمْ وِتْرًا» فَإِنَّ النَّبِيَّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ أَمَرَ بِهِ.

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 472]
المزيــد ...

Абдулах бин Омер, Аллах нека е задоволен со него и неговиот татко, раскажува:
Еден човек го прашал Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, додека тој бил на минберот: „Што мислиш за ноќниот намаз?“ Тој одговорил: „Два по два (реката). А кога ќе се уплаши од настапувањето на сабахот, нека клања еден рекат – кој ќе му биде витр (непарен) на она што го има клањано.“ И навистина, тој, салаллаху алејхи ве селем, знаел да каже: „Витрот нека биде последен од вашиот намаз во текот на ноќта,“ – Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го наредил тоа.

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 472]

Објаснување

Еден човек го прашал Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, додека тој држел хутба на минберот: „О, Божји пратенику, научи ме како да го клањам ноќниот намаз.“ Тој, салаллаху алејхи ве селем, одговорил: „Клањај по два реката и предавај селам по секои два. А кога ќе се уплашиш дека ќе настапи сабахот, клањај еден рекат – кој ќе биде витр на она што си го клањал.“
И навистина, тој, салаллаху алејхи ве селем, препорачувал витрот да биде последниот намаз во текот на ноќта.

من فوائد الحديث

  1. Основата во ноќниот намаз е да се предава селам по секои два реката – освен кај витр намазот.
  2. Ноќниот намаз не е ограничен со број, бидејќи текстот е искажан воопштено.
  3. Ен-Невеви рекол: „Хадисот: Ноќниот и дневниот намаз се два по два се однесува на појаснување на она што е најдобро, а тоа е да се предава селам по секои два реката – без разлика дали станува збор за доброволни намази во текот на ноќта или денот.“
  4. Ен-Невеви исто така рекол: „Во ова има доказ дека сунет е витрот да биде последниот намаз во текот на ноќта, и дека неговото време завршува со настапувањето на сабахот. Ова е познато мислење во нашиот мезхеб, а со тоа се согласуваат и мнозинството учени.“
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Свахили التايلندية الأسامية الهولندية الغوجاراتية الدرية المجرية الجورجية الخميرية
Преглед на преводи