+ -

عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ أَنَّ النَّبِيَّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ لِبِلاَلٍ عِنْدَ صَلاَةِ الفَجْرِ:
«يَا بِلاَلُ، حَدِّثْنِي بِأَرْجَى عَمَلٍ عَمِلْتَهُ فِي الإِسْلاَمِ، فَإِنِّي سَمِعْتُ دَفَّ نَعْلَيْكَ بَيْنَ يَدَيَّ فِي الجَنَّةِ» قَالَ: مَا عَمِلْتُ عَمَلًا أَرْجَى عِنْدِي أَنِّي لَمْ أَتَطَهَّرْ طَهُورًا، فِي سَاعَةِ لَيْلٍ أَوْ نَهَارٍ، إِلَّا صَلَّيْتُ بِذَلِكَ الطُّهُورِ مَا كُتِبَ لِي أَنْ أُصَلِّيَ.

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 1149]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рекол на Билал за време на сабахскиот намаз:
„О, Билал, кажи ми за делото што најмногу ти влева надеж во исламот, затоа што го слушнав звукот на твоите чекори пред мене во Џенетот.“ Билал рекол: „Не сум направил дело што повеќе ми влева надеж, освен тоа што секогаш кога ќе земев абдест во кое било време – дење или ноќе – клањав со тој абдест онолку нафиле колку што ми беше одредено.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 1149]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во сон го видел Џенетот, па му рекол на Билал бин Рабах: „Кажи ми за делото што најмногу ти влева надеж од доброволните дела што си ги направил во исламот? Зашто го слушнав лесниот звук на твоите чекори како одат пред мене во Џенетот.“ Билал одговорил: „Не сум направил дело што повеќе ми влева надеж, освен тоа што секојпат кога ќе изгубев абдест – било дење или ноќе – повторно земав абдест и клањав со него нафиле, онолку колку што ми беше пропишано.“

من فوائد الحديث

  1. Вредноста на делото на кое укажал Билал, Аллах нека е задоволен со него – а тоа е клањањето намаз секогаш кога ќе земе абдест. Тоа е едно од највредните дела и причина за влез во Џенетот.
  2. Препорачливо е да се клања намаз по секое земање абдест.
  3. Оној кој е пример или воспитувач може да го праша својот ученик за неговото дело – за да го поттикне да истрае во него ако е добро, или да го одврати ако не е исправно.
  4. Ова е сведоштво од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, дека Билал, Аллах нека е задоволен со него, е од жителите на Џенетот.
  5. Овој разговор се случил за време на сабахскиот намаз, што укажува дека тоа бил сон на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, а соништата на веровесниците се вистинити.
Превод: Бенгалски Виетнамски Курдски Португалски التايلندية الأسامية الدرية المجرية الجورجية
Преглед на преводи
Повеќе...