عَنْ عَبْدِ اللهِ بْنِ عَمْرِو بْنِ العَاصِ رضي الله عنهما قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«إِنَّ اللهَ سَيُخَلِّصُ رَجُلًا مِنْ أُمَّتِي عَلَى رُءُوسِ الْخَلَائِقِ يَوْمَ الْقِيَامَةِ، فَيَنْشُرُ عَلَيْهِ تِسْعَةً وَتِسْعِينَ سِجِلًّا، كُلُّ سِجِلٍّ مِثْلُ مَدِّ الْبَصَرِ، ثُمَّ يَقُولُ: أَتُنْكِرُ مِنْ هَذَا شَيْئًا؟ أَظَلَمَكَ كَتَبَتِي الْحَافِظُونَ؟ فَيَقُولُ: لَا يَا رَبِّ، فَيَقُولُ: أَفَلَكَ عُذْرٌ؟ فَيَقُولُ: لَا يَا رَبِّ، فَيَقُولُ: بَلَى إِنَّ لَكَ عِنْدَنَا حَسَنَةً، فَإِنَّهُ لَا ظُلْمَ عَلَيْكَ الْيَوْمَ، فَتُخْرَجُ بِطَاقَةٌ فِيهَا: أَشْهَدُ أَنْ لَا إِلَهَ إِلَّا اللهُ وَأَشْهَدُ أَنَّ مُحَمَّدًا عَبْدُهُ وَرَسُولُهُ، فَيَقُولُ: احْضُرْ وَزْنَكَ، فَيَقُولُ: يَا رَبِّ مَا هَذِهِ الْبِطَاقَةُ مَعَ هَذِهِ السِّجِلَّاتِ؟ فَقَالَ: إِنَّكَ لَا تُظْلَمُ، قَالَ: فَتُوضَعُ السِّجِلَّاتُ فِي كِفَّةٍ، وَالْبِطَاقَةُ فِي كِفَّةٍ، فَطَاشَتِ السِّجِلَّاتُ، وَثَقُلَتِ الْبِطَاقَةُ، فَلَا يَثْقُلُ مَعَ اسْمِ اللهِ شَيْءٌ».
[صحيح] - [رواه الترمذي وابن ماجه] - [سنن الترمذي: 2639]
المزيــد ...
Абдулах бин Амр, Аллах нека е задоволен со него и неговиот татко, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
“На Судниот ден ќе биде повикан човек од мојот умет пред сите створенија. Ќе му бидат покажани деведесет и девет свитоци со гревови, секој од нив голем колку што погледот допира. Потоа ќе му биде речено: ‘Дали негираш нешто од ова?’ Тој ќе одговори: ‘Не, Господару мој.’ Аллах ќе го праша: ‘Дали моите мелеци писари и чувари ти направиле неправда?’ Тој ќе одговори: ‘Не, Господару мој.’ Потоа ќе го праша: ‘Имаш ли некое оправдание за овие гревови?’ Човекот ќе одговори: ‘Не, Господару мој.' Аллах ќе му рече: ‘Напротив, ти имаш добри дела кај нас и денес нема да ти биде направена неправда!’ Тогаш ќе се извади картичка на која пишува: ‘Ла илахе иллаллах - сведочам дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Негов роб и пратеник.’ Човекот ќе праша: ‘Господару мој, што е оваа картичка наспроти сите овие свитоци?’ Аллах ќе одговори: ‘Навистина нема да ти биде направена неправда!’ Потоа свитоците ќе се стават на една страна од вагата, а картичката на другата страна, и картичката ќе претегне. Ништо нема потешко од Аллаховото име.”
[صحيح] - [رواه الترمذي وابن ماجه] - [سنن الترمذي - 2639]
Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека Аллах ќе избере човек од неговиот умет пред сите створенија на Судниот ден и ќе го повика за да му се пресуди. Ќе му бидат покажани деведесет и девет свитоци, кои се записи на неговите лоши дела што ги правел во животот, и секој свиток е долг колку што погледот допира. Потоа, Возвишениот Аллах ќе му рече: „Дали негираш нешто од напишаното во овие свитоци?“ „Дали моите мелеци чувари писари ти направиле неправда?“ Човекот ќе одговори: „Не, Господару мој.“ Потоа, Возвишениот Аллах ќе го праша: „Имаш ли некое оправдание за делата што ги направи во животот? Дали беа направени од незнаење, по грешка или заборав?“ Човекот ќе одговори: „Не, Господару мој, немам оправдание.“ Возвишениот Аллах ќе рече: „Напротив, ти имаш едно добро дело кај нас и денес нема да ти биде направена неправда.“ Тогаш ќе се извади картичка на која пишува: „Ла илахе илаллах - сведочам дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Негов роб и пратеник.“ Возвишениот Аллах ќе му рече: „Измери го ова.“ Човекот ќе праша зачудено: „Господару мој, каква тежина има оваа картичка во споредба со овие свитоци?“ Возвишениот Аллах ќе одговори: „Нема да ти биде направена неправда.“ Потоа свитоците ќе се стават на едната страна од вагата, а картичката на другата страна, и свитоците ќе се подигнат, а картичката ќе претегне и Аллах ќе му прости.