عَنْ عَبْدِ اللهِ بْنِ مُغَفَّلٍ رضي الله عنه قَالَ: قَالَ النَّبِيُّ صلى الله عليه وسلم:
«بَيْنَ كُلِّ أَذَانَيْنِ صَلَاةٌ، بَيْنَ كُلِّ أَذَانَيْنِ صَلَاةٌ» ثُمَّ قَالَ فِي الثَّالِثَةِ: «لِمَنْ شَاءَ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 627]
المزيــد ...

Абдулах бин Мугафел, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„,Помеѓу двата езана има намаз, помеѓу двата езана има намаз.‘ А при третото повторување, додал: ,За оној кој сака.‘“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 627]

Објаснување

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, објаснил дека помеѓу секој езан и икамет има нафила намаз. Ова го повторил трипати, а при третото повторување нагласил дека тоа е препорачливо за оној кој сака да клања.

من فوائد الحديث

  1. Препорачливо е да се клања нафила намаз помеѓу езанот и икаметот.
  2. Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, често повторувал нешто повеќепати за подобро да допре до слушателите и за да ја истакне важноста на тоа што го кажува.
  3. Под „два езана“ се мисли на езанот и икаметот. Овој начин на изразување е вообичаен во арапскиот јазик за нагласување, слично како што се користи изразот „двете месечини“ за Сонцето и Месечината или „двајцата Омери“ за Ебу Бекр и Омер.
  4. Езанот го означува настапувањето на времето за намаз, додека икаметот го означува повикот за започнување на намазот.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Индонезиски Повеќе... (49)
Повеќе...