+ -

عن أَبِي سَعِيدٍ الْخُدْرِيَّ رَضِيَ اللهُ عنه قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهُ صلَّى اللهُ عليهِ وَسَلَّم:
«لَقِّنُوا مَوْتَاكُمْ لَا إِلَهَ إِلَّا اللهُ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 916]
المزيــد ...

Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Бодрете ги оние што се на смртна постела да изговараат: ,Ла илахе иллаллах‘.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 916]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, препорачал кога некој е во последните моменти од животот покрај него да се изговара и повторува формулата на тевхидот „Ла илахе иллаллах“, за и тој да ја каже – за таа да биде неговиот последен збор пред смртта.

من فوائد الحديث

  1. Препорачливо е тој што е пред смрт да биде потсетен и насочен да ја изговори реченицата на тевхидот.
  2. Непожелно е претерано повторување или наметливо зборување, ако еднаш ја изговорил или ако е јасно дека ја разбрал – за да не се вознемири и да не изговори нешто несоодветно.
  3. Имамот ен-Невеви рекол: „Ако ја изговори еднаш, повеќе не треба да му се повторува, освен ако после тоа каже нешто друго – тогаш повторно да му се укаже за да му биде ,Ла илахе иллаллах‘ последниот збор.“
  4. Хадисот укажува на препораката да се биде покрај тој што е пред смрт: да му се даде потсетување, да се утеши, да му се затворат очите и да се исполнат неговите права.
  5. Не е пропишан телкин (потсетување) по смртта, ниту кај гробот по погребот – бидејќи Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, тоа не го правел.
Превод: Индонезиски Бенгалски Виетнамски Курдски Португалски التايلندية الأسامية الهولندية الدرية المجرية الجورجية
Преглед на преводи