+ -

عَن أَبِي بُرْدَةَ بْنِ أَبِي مُوسَى رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ قَالَ:
وَجِعَ أَبُو مُوسَى وَجَعًا شَدِيدًا، فَغُشِيَ عَلَيْهِ وَرَأْسُهُ فِي حَجْرِ امْرَأَةٍ مِنْ أَهْلِهِ، فَلَمْ يَسْتَطِعْ أَنْ يَرُدَّ عَلَيْهَا شَيْئًا، فَلَمَّا أَفَاقَ، قَالَ: أَنَا بَرِيءٌ مِمَّنْ بَرِئَ مِنْهُ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، إِنَّ رَسُولَ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ بَرِئَ مِنَ الصَّالِقَةِ وَالحَالِقَةِ وَالشَّاقَّةِ.

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 1296]
المزيــد ...

Ебу Бурда бин ебу Муса, Аллах нека е задоволен со двајцата, раскажува:
Ебу Муса се разболе од тешка болест и падна во несвест, а главата му беше во скутот на една жена од неговото семејство. Не можеше да ѝ одговори на ништо. Кога се освести, рече: „Јас се оградувам од она од што се оградил Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Навистина, Божјиот пратеник се огради од жената што гласно оплакува, од онаа што си ја кине облеката и од онаа што ја бричи косата поради жалост.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 1296]

Објаснување

Ебу Бурда раскажува дека неговиот татко, ебу Муса ел-Ешари, Аллах нека е задоволен со двајцата, се разболел од тешка болест и паднал во несвест. Главата му била во скутот на една жена од неговото семејство, која започнала гласно да вика и да го оплакува. Поради несвестицата, тој не можел да ѝ каже ништо. Кога се освестил, рекол дека се оградува од она од кое се оградил и Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кој се оградил од следниве постапки: Жената што гласно оплакува и крева глас при несреќа. Таа што си ја бричи косата поради несреќа. И таа што ја кине облеката поради несреќа. Овие постапки се од обичаите на времето на незнабоштвото (џахилиетот), додека исламот наредува трпеливост при несреќата и очекување на Аллаховата награда.

من فوائد الحديث

  1. Забранетоста на кинењето на облеката, бричењето на косата и кревање на гласот при несреќа, и дека сето тоа спаѓа меѓу големите гревови.
  2. Тагата и плачењето, сè додека не се придружени со кревање на гласот, не се забранети, бидејќи не се во спротивност со трпеливоста при Аллаховата одредба, туку се израз на сомилост и сочувство.
  3. Забрането е да се покажува незадоволство од тешките Аллахови одредби, било со зборови или со постапки.
  4. Задолжителноста на трпението при несреќа.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Свахили الأسامية السويدية الهولندية الغوجاراتية الرومانية المجرية الموري الكانادا الجورجية
Преглед на преводи