عَنْ عَبْدِ اللهِ بْنِ عَمْرِو بْنِ الْعَاصِ رضي الله عنها أَنَّهُ سَمِعَ النَّبِيَّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَقُولُ:
«إِذَا سَمِعْتُمُ الْمُؤَذِّنَ فَقُولُوا مِثْلَ مَا يَقُولُ، ثُمَّ صَلُّوا عَلَيَّ، فَإِنَّهُ مَنْ صَلَّى عَلَيَّ صَلَاةً صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ بِهَا عَشْرًا، ثُمَّ سَلُوا اللهَ لِيَ الْوَسِيلَةَ، فَإِنَّهَا مَنْزِلَةٌ فِي الْجَنَّةِ، لَا تَنْبَغِي إِلَّا لِعَبْدٍ مِنْ عِبَادِ اللهِ، وَأَرْجُو أَنْ أَكُونَ أَنَا هُوَ، فَمَنْ سَأَلَ لِيَ الْوَسِيلَةَ حَلَّتْ لَهُ الشَّفَاعَةُ».
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 384]
المزيــد ...
Од Абдуллах ибн Амр ибн ел Ас, радијаллаху анху, се пренесува дека го слушнал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
„Кога ќе го чуете муезинот, повторете го она што го изговара, а потоа испратене салават врз мене, зашто оној кој ќе испрати еден салават кон мене, Аллах ќе испрати врз него десет салавати.
Потоа, замолете Го Аллах да ми го подари Весилех, зашто тоа е едно посебно место во Џенетот, кое му припаѓа само на еден од Аллаховите робови, и се надевам дека тоа сум јас.
Кој ќе побара Весилех за мене, нему ќе му припадне мојот шефаат.“
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 384]
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ни дал упатство дека оној кој ќе го чуе муезинот додека повикува на намаз, треба да повторува по него, да изговара исто како него, освен при зборовите „Хајја але-с-салах“ и „Хајја але-л-фелах“, тогаш треба да се каже: „Ла Хавле Ве Ла Куввете Илла Биллах“ („Нема сила ниту моќ освен со Аллах“).
Потоа, откако ќе заврши езанот, испраќа салават кон Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, затоа што кој ќе испрати еден салават кон него, Аллах, поради тоа, ќе испрати кон него десет салавати.
А значењето на „салават“ од Аллах за Својот роб е: Негова пофалба за тој роб пред мелеците.
Потоа, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ни наредил да го молиме Возвишениот Аллах за Весилех за него, а тоа е едно воздигнато место во Џенетот, и тоа е највисокото место.
Тоа место му е подготвено само на еден од сите Аллахови робови, и не му прилега ниту ќе му биде дадено на никого освен на тој еден.
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Се надевам дека тоа ќе бидам јас.“
— а ова го кажал од скромност; затоа што, ако тоа возвишено место (Весилех) му припаѓа само на еден единствен човек, тогаш тоа не може да биде никој друг освен него, салаллаху алејхи ве селем, зашто тој е најдобриот од сите созданија.
Потоа, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, објасни дека оној кој ќе моли за него, салаллаху алејхи ве селем, да му биде даден Весилех, ќе го добие неговиот шефаат на Судниот ден.