+ -

عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ أَنَّ رَسُولَ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«مَنِ اغْتَسَلَ يَوْمَ الجُمُعَةِ غُسْلَ الجَنَابَةِ ثُمَّ رَاحَ، فَكَأَنَّمَا قَرَّبَ بَدَنَةً، وَمَنْ رَاحَ فِي السَّاعَةِ الثَّانِيَةِ، فَكَأَنَّمَا قَرَّبَ بَقَرَةً، وَمَنْ رَاحَ فِي السَّاعَةِ الثَّالِثَةِ، فَكَأَنَّمَا قَرَّبَ كَبْشًا أَقْرَنَ، وَمَنْ رَاحَ فِي السَّاعَةِ الرَّابِعَةِ، فَكَأَنَّمَا قَرَّبَ دَجَاجَةً، وَمَنْ رَاحَ فِي السَّاعَةِ الخَامِسَةِ، فَكَأَنَّمَا قَرَّبَ بَيْضَةً، فَإِذَا خَرَجَ الإِمَامُ حَضَرَتِ المَلاَئِكَةُ يَسْتَمِعُونَ الذِّكْرَ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 881]
المزيــد ...

Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој ќе се избања во петок како што се бања после џенабет, а потоа порано тргне во џамија, ќе биде награден како да жртвувал камила. Кој ќе тргне во вториот час, ќе биде награден како да жртвувал крава. Кој ќе тргне во третиот час, како да жртвувал овен со рогови. Кој ќе тргне во четвртиот час, како да жртвувал кокошка. А кој ќе тргне во петтиот час, како да жртвувал јајце. А кога имамот ќе почне со хутбата, мелеците пристапуваат и го слушаат потсетувањето.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 881]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува за вредноста на раното одење на џума намаз. Времето на раното одење започнува од изгрејсонцето и трае сè до доаѓањето на имамот, што претставува временски период од пет часа. Овој период е поделен на пет делови според времето помеѓу изгрејсонцето и моментот кога имамот ќе пристигне и ќе се качи на минберот за хутбата:
Прво: Кој ќе се искапи целосно, како што се капи после џенабет, и ќе тргне кон џамијата во првиот час, ќе биде награден како да дал како садака камила.
Второ: Кој ќе тргне во вториот час, ќе биде награден како да дал садака крава.
Трето: Кој ќе тргне во третиот час, ќе биде награден како да дал садака овен со рогови.
Четврто: Кој ќе тргне во четвртиот час, ќе биде награден како да дал садака кокошка.
Петто: Кој ќе тргне во петтиот час, ќе биде награден како да дал садака јајце.
А кога имамот ќе излезе за да ја одржи хутбата, мелеците што седеле кај вратите и ги запишувале оние кои први дошле во џамијата престануваат да пишуваат и се придружуваат на собирот за да ја слушаат хутбата и потсетувањето.

من فوائد الحديث

  1. Поттик за бањање во петок пред одење на џума намаз.
  2. Вредноста на раното одење на џума намаз уште од првите часови на денот.
  3. Поттик за брзање во правењето добри дела.
  4. Присуството на мелеците на џума намазот и нивното слушање на хутбата.
  5. Мелеците стојат на вратите на џамиите и ги запишуваат оние што доаѓаат на џума намаз, според редоследот на нивното пристигнување.
  6. Ибн Реџеб рекол: „Зборовите: ,Кој ќе се избања во петок, а потоа ќе тргне (кон џамијата)‘ укажуваат на тоа дека препорачаното време за петочното капење започнува со зората и трае сè до одењето на џума намаз.“
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التايلندية بشتو الأسامية السويدية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية الصربية الرومانية المجرية الموري المالاجاشية الكانادا الجورجية
Преглед на преводи