عَنْ مَيْمُونَةُ أُمِّ المؤمِنينَ رضي الله عنها قَالتْ:
وَضَعْتُ لِلنَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ غُسْلًا، فَسَتَرْتُهُ بِثَوْبٍ، وَصَبَّ عَلَى يَدَيْهِ، فَغَسَلَهُمَا، ثُمَّ صَبَّ بِيَمِينِهِ عَلَى شِمَالِهِ، فَغَسَلَ فَرْجَهُ، فَضَرَبَ بِيَدِهِ الأَرْضَ، فَمَسَحَهَا، ثُمَّ غَسَلَهَا، فَمَضْمَضَ وَاسْتَنْشَقَ، وَغَسَلَ وَجْهَهُ وَذِرَاعَيْهِ، ثُمَّ صَبَّ عَلَى رَأْسِهِ وَأَفَاضَ عَلَى جَسَدِهِ، ثُمَّ تَنَحَّى، فَغَسَلَ قَدَمَيْهِ، فَنَاوَلْتُهُ ثَوْبًا فَلَمْ يَأْخُذْهُ، فَانْطَلَقَ وَهُوَ يَنْفُضُ يَدَيْهِ.
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 276]
المزيــد ...
Од Мејмуна, мајката на верниците, Аллах нека е задоволен со неа, пренесено е дека кажала:
„Му подготвив вода за капење на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и ја покрив со крпа. Тој ги изми рацете, па со десната рака истури вода на левата и го изми интимниот дел. Потоа со раката удри по земјата, ја протри и повторно ја изми. Потоа ја исплакна устата, го исплакна носот, го изми лицето и рацете до лактите. Потоа истури вода врз главата и го обли целото тело. На крајот, се оддалечи малку, ги изми нозете, а кога му подадов крпа, тој не ја прифати и си замина протресувајќи ги рацете.“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 276]
Мејмуна, Аллах нека е задоволен со неа, раскажала за начинот на бањање на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, после џенабет. Таа му подготвила вода за капење и ја покрила со крпа, додека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, постапил на следниов начин:
Прво: Истурил вода врз рацете и ги измил пред да ги стави во садот со вода.
Второ: Со десната рака истурил вода врз левата и го измил интимниот дел, чистејќи го од остатоците на џенабетот.
Трето: Со раката удрил по земјата, ја протрил и ја измил за да го отстрани непријатното од неа.
Четврто: Устата ја исплакнал така што внел вода, ја размрдал во устата, а потоа ја исплукал. Потоа го испрал носот така што вовлекол вода во него, па ја исфрлил за да го исчисти.
Петто: Го измил лицето и рацете до лактите.
Шесто: Истурил вода врз главата.
Седмо: Истурил вода врз остатокот од телото.
Осмо: Се преместил од местото каде што се бањал и ги измил нозете на друго место, бидејќи претходно не биле измиени.
Потоа му подала крпа за да се избрише, но тој одбил и со рацете ја отстранувал водата од телото, па потоа ги тресел.