عن أبي هريرة رضي الله عنه أن رسول الله صلى الله عليه وسلم قال:
«أَقْرَبُ مَا يَكُونُ الْعَبْدُ مِنْ رَبِّهِ وَهُوَ سَاجِدٌ، فَأَكْثِرُوا الدُّعَاءَ».
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 482]
المزيــد ...
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Аллаховиот роб е најблизок до својот Господар кога е на сеџда, тогаш молете се најмногу.“
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 482]
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека човекот е најблиску до својот Господар во моментот кога прави сеџда поради тоа што го става најчесниот дел од своето тело на земјата, понизно и ничкум, покорувајќи Му се на Возвишениот Аллах.
Аллаховиот пратеник, салалаху алејхи ве селем, наредил кога сме на сеџда да се молиме што повеќе, на тој начин ќе Му бидеме понизни на Аллах и во зборовите и во делата.