عَنْ عَمْرِو بْنُ سُلَيْمٍ الأَنْصَارِيُّ قَالَ: أَشْهَدُ عَلَى أَبِي سَعِيدٍ قَالَ: أَشْهَدُ عَلَى رَسُولِ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«الغُسْلُ يَوْمَ الجُمُعَةِ وَاجِبٌ عَلَى كُلِّ مُحْتَلِمٍ، وَأَنْ يَسْتَنَّ، وَأَنْ يَمَسَّ طِيبًا إِنْ وَجَدَ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 880]
المزيــد ...

Амр бин Сулејм ел Енсари рекол: Сведочам дека Ебу Сеид рекол: Сведочам дека Аллааховиот пратеник, алејхи селам, рекол:
„Бањањето во петок, миењето на забите со мисвак и ставањето парфем, доколку го има, е должност на секој полнолетен.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 880]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни кажува дека капењето во петок е многу препорачливо, речиси и задолжително за секој возрасен муслиман, за кого е задолжителна џума (петочен пладневен намаз). Тука влегува и да ги измие забите со четкичка (сивак) и слично. Вез себе да стави каков било убав и пријатен парфем.

من فوائد الحديث

  1. Потврда на правилото дека за секој полнолетен муслиман е пофално да се избања во петок – џума.
  2. Чистотата и отстранувањето на непријатната миризба е шеријатска обврска на секој муслиман.
  3. Петок е голем ден и треба да се подготвиме за тој ден.
  4. Многу е пофално да ги измиеме забите со „сивак“ во денот на џума.
  5. Пофално е да ставиме парфем, од кој било вид со пријатна миризба пред да отидеме во џамија.
  6. На жената не ѝ е дозволено кога излегува од дома, заради намаз или нешто друго, да става парфем. Докази од веровесничката традиција укажуваат на таа забрана.
  7. Возрасен е тој што влегол во пубертет, а пубертетот има неколку знаци. Три знаци се исти и за мажите и за жените: Прво: Да наполнат петнаесет години. Второ: Грубите влакна околу гениталиите. Трето: Ејакулацијата во сон или на јаве, со страст. И четврто, знакот на полнолетство кој се однесува само на жените, а тој е менструацијата. Кога женско лице ќе добие менструација, тоа значи дека е во пубертет.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (54)